Крилниот играч на Тотенхем, Иван Перишиќ доживеал тешка повреда на тренинг и најверојатно за него сезоната е завршена. Според информациите, Перишиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Поради повредата Перишиќ ќе мора да оди на операција и го чека долга пауза. Според најавите, Хрватот нема да може да игра фудбал најмалку пет месеци.
Author: saso
Денеска беа одиграни натпреварите од 1. коло на фудбалскиот Куп на Македонија. Прволигашите успеаја да ја минат првата пречка и во најголем дел да обезбедат место во втората рунда од натпреварувањето. Најтешко мина Вардар, кој на гостувањето кај Беса одигра 1:1, па по подоброизведување на пенали успеа да се пласира во следната фаза. Јанг Тим – Победа 0-0 (4-3 пен.)Новаци – Брегалница 0-8Башкими1947 – Скопје 1-1 (4-3 пен.)Арсими – Тиквеш 1-2Кожув – Брера 0-2Карбинци – Воска Спорт 0-10Охрид – Детонит Плачковица 2-0Беласица – Гостивар 0-0 (0-3 пен.)Коњаре – Шкупи 0-8Беса 1976 – Вардар 1-1 (4-5 пен.)Тетекс – Работнички 0-3Влазерими – Пелистер 0-4
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека Манчестер Сити ќе биде голем фаворит за освојување на Лигата на шампионите и оваа година. Карлито изрази надеж дека неговиот тим ќе оди што подалеку на турнирот. „Нашата цел е да се бориме до самиот крај. Прво треба да ги поминеме групите, па осминафиналето и четвртфиналето. Мислам дека можеме да кажеме дека сме способни да влеземе во топ 4 без да чувствуваме преголем притисок“, одговори тој на денешната прес-конференција.
Едно од главните напаѓачки имиња во тимот на Вест Хем, Мајкл Антонио, во интервју пред дуелот со Ливерпул кој следува викендов, изјави дека „чеканите“ на крајот на сезоната ќе бидат пред „црвените“ на табелата. „Мислам дека на крајот ќе завршиме повисоко на табелата од Ливерпул оваа сезона. Ги добиваме овој викенд. Ќе ги добиеме!“, изјави Антонио.
Финалистот од Лигата на шампионите од минатата сезона, Интер, ќе остане без услугите на играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу за гостувањето кај Реал Сосиедад во среда. Чалханоглу има повреда на мускулот на левата бутина и нема да се стави на располагање за оваа средба. Турскиот репрезентативец (29) е во Интер од 2021 година и постигна еден гол од пенал во убедливата победа од 5-1 над Милан во градското дерби викендот.
Македонскиот борач Ахмад Магомедов не успеа да го мине репасажот на Светското првенство во борење во Белград во категоријата до 79 килограми. Тој забележа победа и пораз, така што не се пласира за борба за бронзен медал. Магомедов вториот меч го загуби од Иранецот Мохамад Нокодилрами кој ќе се бори за бронза. Денес и последниот македонски борач Магомедгаџи Нуров ќе стартува во категоријата до 97 килограми.
37 различни играчи заиграа за екипата на Челзи во Премиерлигата во последните 9 месеци. Според „Опта Спорт“, Лесли Угочукву викендов стана 37-от фудбалер кој се нашол во составот на „сините“ од Лондон на премиерлигашки натпревар во тековната 2023 година. 19-годишниот Французин заигра од првата минута на натпреварот од 5. коло против Бурнмаут (0:0). Претходно тој имаше настап само во меч од Лига купот.
Нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски – Иџе, ја оправда фаворитската улога и по третпат стана европски првак. Искусниот возач ја потврди титулата во Европскиот шампионат за ридско-брзински трки. Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех. За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна,…
Ракометарите на Вардар вчера ја остварија втората сезонска победа над големиот ривал Еурофарм Пелистер, овој пат во меч од 2. коло на Суперлигата. На дуелот во Скопје, „црвено-црните“ славеа над шампионот со 30:25. Пикерот Милан Лазаревски по мечот истакна дека без разлика на исходот, мечот беше тежок и за двата тима. „Ова беше многу тежок, машки натпревар. Без разлика на резултатот, станува збор за исклучително добра екипа, ама ние добро анализиравме, стручниот штаб солидно нè подготви. Имавме свои добри моменти, но и тие имаа во вториот дел. Денешната разлика ја направија голманите кои што беа на завидно ниво“, изјави Лазаревски.
Големата атлетска ѕвезда, Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап откако во финалето на Дијамантската лига во Јуџин, уште во првиот обид прескокна 6.23 метри. Дуплантис кој го држеше и рекордот во сала од 6,22 метри, во првата серија успеа да дојде до височина за нов светски рекорд, само една година откако на истото место го постави веќе сега вториот најдобар скок на сите времиња на отворено, 6,21 метар. Швеѓанецот е единствен кој успеал да скокне над 6,16 метри и досега за седум сантиметри седумпати по ред го подобруваше светскиот рекорд.
