Ракометарите на Вардар вчера ја остварија втората сезонска победа над големиот ривал Еурофарм Пелистер, овој пат во меч од 2. коло на Суперлигата. На дуелот во Скопје, „црвено-црните“ славеа над шампионот со 30:25.
Пикерот Милан Лазаревски по мечот истакна дека без разлика на исходот, мечот беше тежок и за двата тима.
„Ова беше многу тежок, машки натпревар. Без разлика на резултатот, станува збор за исклучително добра екипа, ама ние добро анализиравме, стручниот штаб солидно нè подготви. Имавме свои добри моменти, но и тие имаа во вториот дел. Денешната разлика ја направија голманите кои што беа на завидно ниво“, изјави Лазаревски.