Author: saso

Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија првиот трофеј оваа сезона. Тие синоќа во финалето на Суперкупот на Шпанија ја совладаа Уникаха со 88-81. Натпреварот во Мурсија започна и заврши израмнето. Иако во одреден дел од мечот се чинеше дека Реал лесно ќе дојде до трофејот, екипата од Малага го доби третиот период со 25-17 и најави сосема неизвесна завршница во последните 10 минути. Сепак, финишот им припадна на “кралевите“ кои дојдоа до нов пехар во клупските витрини. Најефикасен на мечот беше Кампацо со 17 поени, колку што имаше и Хезоња.

Read More

Утре во Белград започнува Светско првенство во борење за сениори. Македонија на овој собир на најдобрите светски борачи ќе настапи со 7 репрезентативци. Според планот, за Белград отпатуваа Бесир Алили (61 кг.), Фати Вејсели (70 кг.), Дејан Митров (86 кг.), Владимир Егоров (57 кг.), Расул Шапиев (74 кг.), Ахмад Магомедов (79 кг.), Магомедгаџи Нуров (97 кг.), како и Вероника Рјабоволова која ќе не преставува во женска конкуренција до 50 килограми. Светското првенство е прв филтер за олимписка норма за Игрите во Париз 2024 година.

Read More

Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе одлука за именување на Кристијан Грчевски на функцијата вршител на должноста, селектор на женската сениорска репрезентација. Според информацијата која ја потврди РФМ, во стручниот штаб на женскиот национален сениорски тим се именувани и Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска како помошни тренери. Грчевски и неговите асистенти ќе бидат во функција вршители на должност за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024 година.

Read More

Денеска стартуваше првиот меѓунарoден фудбалски турнир „Илинден Куп 2023“ кој за првпат од ваков ранг се организира во Македонија. Станува збор за турнир на кој ќе настапат 115 екипи од клубови и фудбалски школи од Македонија, но и гости од Србија, Белгија и Романија. Екипите се поделени во повеќе возрасни категории од 8 до 12 години. Натпреварите ќе се одржуваат на два големи фудбалски терени, поделени на повеќе помали терени. Турнирот е во органзиација на фудбалската школа „Гроздановски“.

Read More

Одбојкарскиот клуб Работнички 71&22 викендов во Скопје ќе го организира интернационалниот Меморијален одбојкарски турнир „Војче Синадиновски“. Турнирот се органзиира во чест на еден од основачите на најтрофејниот одбојкарски колектив по осамостојувањето, кој по низа финансиски проблеми престана да функционира пред неколку години, но од минатата сезона повторно е обновен со помош на локалната самоуправа. Меморијалот „Војче Синадиновски“ ќе се одржи в сабота во салата „Градаски Парк“ со учество на четири екипи. Покрај организаторот и домаќин, Работнички 71&22 на турнирот ќе учествуваат и екипите на Видовдан од Грачаница, Србија, Звездец од Бугарија и екипата на Универзитет Гоце Делчев од Штип, исто…

Read More

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ потврди дека ќе остане на кормилото на Србија само до ЛОИ во Париз 2024. Пешиќ со 74 години освои речиси се што може да освои еден европски кошаркарски тренер. Тој има две злата од Евробаскетот, злато и сребро на Светското првенство, а ја освои и Евролигата. Следната година првпат во својата долгогодишна кариера ќе биде тренер на Олимписките игри. Зборувајќи за ситуацијата, Пешиќ изјави дека повеќе нема да биде селектор на српската репрезентација по Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер изјави дека не му пречат критиките од навивачите, по се она што му се случува на социјалните мрежи, практично по секој негов настап на теренот. „Не би рекол дека сум личност која страда од психолошки притисок. Поминав низ многу во последните години, бев капитен на Манчестер Јунајтед околу четири сезони. Во овој случај, вие преземате голема одговорност и се што следи – и добро и лошо. Многу размислував кога не бев во стартниот состав во првите четири кола од Премиер лигата. Сакам да играм фудбал. Првите недели беа тешки бидејќи игравме по еден натпревар…

Read More

Олимпик Лион го назначи Фабио Гросо за наследник на Лоран Блан. Гросо во својата кариера настапуваше за Лион во периодот од 2007 до 2009 година и во тој период ја освои титулата и Купот. Во својата тренерска кариера досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, швајцарски Сион и Фросиноне. Лион моментално е на последното место во францускиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни натпревари.

Read More

Ибрахима Конате се опорави од повредата на тетивата и ќе му се стави на располагање на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп за утрешниот меч со Вулверхемптон во новото коло од Премиер лигата. Дефанзивецот на Ливерпул ги продолжи тренинзите во четвртокот. Поради повредата, Конате ги пропушти последните два натпревари на Ливерпул, а исто така не беше повикан и во француската репрезентација. Капитенот на Ливерпул, Ван Дајк, ќе го пропушти и натпреварот против Волвс поради суспензијата која ја доби со исклучувањето на мечот со Њукасл. Засега се уште е неизвесно дали Трент Александер-Арнолд ќе биде подготвен до утре за настап во дресот…

Read More

Марко Асенсио нема да може да му помогне на ПСЖ на првите средби од новата сезона во Лигата на шампионите. Како што потврдија извори од францускиот шампион, 27-годишниот играч од средниот ред е надвор од терените поради повреда. Станува збор за повреда која ќе го оддалеќи од терените најмалку две недели. Според тоа, Асенсио ќе ги пропушти натпреварите од Лига 1 со Ница, Марсеј и Клермон, како и натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд на 19 септември.

Read More