Баерн (М) му подигна споменик на легендарниот Герд Милер. Статуата на најдобриот стрелец во историјата на Баерн и целиот германски фудбал денеска беше откриена пред домот на Баварците, „Алијанц Арената“. Герд е рекордер на Баерн со 568 гола во 611 натпревари, шампион од Евро 1972 и Светското првенство 1974 како дел од германската репрезентација, трикратен освојувач на европскиот куп, освојувач на Златната топка 1970 и Златна копачка (1970, 1972) . Милер почина на 14 август 2021 година на 75-годишна возраст.
Author: saso
Симона Халеп е суспендирана на четири години поради кршење на антидопинг правилата. Двократната Грен слем шампионка беше обвинета за два одделни прекршоци. Првично, забранетата супстанција роксадустат беше пронајдена во нејзиниот примерок од УС Опен 2022 година, а потоа се појавија наводи во врска со биолошкиот пасош на спортистот. На 28 и 29 јуни 2023 година се одржаа состаноци на независниот трибунал во Лондон. Тие слушнаа докази од експерти кои зборуваа во име на Халеп и Меѓународната тениска агенција за интегритет (ITIA), а Романката исто така сведочеше пред панелот. На 11 септември, Трибуналот потврди дека ја прогласил Халеп за виновна за…
Одбојкарската репрезентација на Полска им се приклучи на Словенија и Франција во полуфиналето на Европското првенство. Вечерва во третото четврфинале, Полјаците со 3:1 (26:28, 25:15, 36:34, 25:17) славеа над селекцијата на Србија, во можеби највозбудливото четврфтинале на првенството досега. Србија почна изненадувачки добро и го доби првиот сет на разлика со 28:26. Полјаците потсетија на фаворитската улога во вториот сет кој го решија брзо вос воја полза со 25:15, по што следуваше неверојатно возбудливиот трет сет кој среќно и припадна на Полска дури по освојувањето на 36-от поен за 36:34 и водство од 2:1. Во четвртиот сет Полјаците стигнаа до…
По завршувањето на последните два меча на Светското првенство во кошарка кое годинава се одржа на Филипините и во Индонезија и Јапонија, ФИБА ја објави и најдобрата петорка на шампионатот. Во неа се најдоа предводниците на пет селекции кои влегоа во битка за медалите. Први во редот се Богдановиќ (Србија) и Дончиќ (Словенија), а со нив и Денис Шрудер од Германија кој го доби и признанието МВП, како и Американецот Ентони Едвардс и Канаѓанецот Шај Гилџес-Александер. ⭐️ All-Star Five of FIBA World Cup 2023!🇩🇪 Dennis Schröder🇨🇦 Shai Gilgeous-Alexander🇺🇸 Anthony Edwards 🇷🇸 Bogdan Bogdanovic🇸🇮 Luka Doncic#FIBAWC pic.twitter.com/l3eQJrn6JO— FIBA Basketball World Cup…
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо ризикува да биде исклучен од првиот тим, откако јавно даде коментар за тренерот на тимот Ерик тен Хаг. Според извори блиски на клубот, Тег Хаг, кој важи за жесток поддржувач на дисциплината, реагирал негативно на постапките на 23-годишниот Англичанец. Тој исто така е разочаран од зборовите на играчот бидејќи верува дека навистина му помогнал на Санчо да влезе во форма минатата сезона.
Германската фудбалска федерација денеска му врачи отказ на селекторот Ханси Флик по катастрофалниот период, а особено последниот пораз од Јапонија со 4:1. Откако прво Германија имаше катастрофален настап на Мундијалот во Катар каде не ја помина групата, чашата ја прели синоќешниот пораз на домашен терен од Јапонија. Германците кои се домаќини на следното Европско првенство решија навремено да реагираат и да се обидат со нов селектор да ја кренат формата и да се вратат на вистински патеки.
Откако Германија стана нов светски шампион со победата во финалето на Мундобаскетот во Манила над Србија со 83-77, Германците добијауште едно големо признание. Најдобриот поединец во таборот на Германците Денис Шрудер, кој во финалето реализираше 28 поени, сосема заслужено стигна до признанието за најкорисен кошаркар на Мундобаскетот.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета успеа да ја совлада четвртата носителка Леире Ромеро Гормаз од Шпанија на фјучрсот во Виена (награден фонд 60.000 долари) со 2-1 во сетови (62 16 75) за два часа и 13 минути. Првиот сет мина во доминација на Ѓорческа која по 2:2 во гемови имаше серија од четири гема и сетот го заврши со 6:2. Но, следниот сет беше спротивна слика. Шпанката Гормаз поведе со 3:0, па следуваше гемот на Ѓорческа за сетот да заврши со 6:1 за шпанската тенисерка. Во решавачкиот сет се водеше голема борба.…
Некогаш стандардниот македонски репрезентативец, Бобан Николов и официјално е нов член на унгарска Кишварда. Унгарскиот прволигаш денеска ја потврди соработката со Николов, кој има дорбо искуство од настапи во Унгарија како некогашен член на Фехервар (2018-2021). “Возбуден сум што се враќам во лигата каде што играв и порано. Би сакал да можам да играм на исто ниво и во Кишварда како што играв во МОЛ Фехервар. Ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим да дојдедо што подобри резултати“ посочи Николов.
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Скопје. Последен ривал за момците на селекторот Миленкоски ќе биде репрезентацијата на Чешка, со која имаме ист број на бодови по четири одиграни натпревари, па нашиот дуел директно одлучува за пласманот на третото место. Победа над Чешка ќе значи дека Македонија во осминафиналето заминува како третопласирана, со што сигурно ќе избегне дуел со првопласираната селекција од групата „А“, Италија. Осминафиналната фаза ќе се одигра во Бари.
