Одбојкарската репрезентација на Полска им се приклучи на Словенија и Франција во полуфиналето на Европското првенство. Вечерва во третото четврфинале, Полјаците со 3:1 (26:28, 25:15, 36:34, 25:17) славеа над селекцијата на Србија, во можеби највозбудливото четврфтинале на првенството досега.
Србија почна изненадувачки добро и го доби првиот сет на разлика со 28:26. Полјаците потсетија на фаворитската улога во вториот сет кој го решија брзо вос воја полза со 25:15, по што следуваше неверојатно возбудливиот трет сет кој среќно и припадна на Полска дури по освојувањето на 36-от поен за 36:34 и водство од 2:1.
Во четвртиот сет Полјаците стигнаа до брза предност од неколку поени, која на крајот им донесе лесно освојување на сетот и победа. Полјаците во полуфиналето ќе играат против Словенија.