Author: saso

Од денеска во Скопје започнува најголемиот пинпонгарски настан за тековната година, наречен WTT Youth Star Contender Skopje 2023. Натпреварите започнуваат секој ден, заклучно со 9-ти септември, во 9:30 часот и ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Првиот и вториот ден ќе опфатат натпревари од женска категорија до 15 и 19 години, додека од 8-ми започнуваат натпреварите во машка конкуренција. На третиот ден, односно на 7-ми септември, ќе се играат натпреварите во двојки. Турнирот е практично собир на најдобрите светски пингпонгари до 15 и 19 години.

Read More

Ентони е исклучен од репрезентацијата на Бразил за септемвриските натпревари поради просесот кој против него се води во Англија, поради наводите за семејно насилство. Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше повикан за натпреварите против Боливија и Перу, но на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација се појави информацијата дека наместо него во тимот е повикан Габриел Жесус од Арсенал. „Во светло на фактите за Ентони, кои станаа познати во понеделникот и кои допрва треба да се истражат, а со цел да се заштити наводната жртва, играчот, репрезентацијата на Бразил и Бразилската фудбалска конфедерација, ве известуваме дека спортистот е исклучен од тимот“,…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вчера ги стартуваше подготовките за двата квалификациски натпревари против Италија и против Малта на гости во квалификациите за ЕП 2024. Дефанзивецот Јован Манев вели дека верува дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот против Италија. „На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука”, изјави Манев.

Read More

Кошаркарите на Италија и Летонија го потврдија своето место во четвртфиналето на Мундобаскетот 2023, откако денеска славеа во новите средби од втората фаза. Италија го совлада Порторико со 73:57, додека Летонците убедливо со 104:84 триумфираа над Бразил. Италијанците беа предводни од Џампаоло Ричи и Стефано Тонут со по 15 поени, а „дабл-дабл“ учинок имаше Симоне Фонтекио, по 12 поени и скокови. Андрејс Гражулис со 24 поени и Артурс Жагарс кој постигна 17 поени беа најефикасни кај Летонија дена мечот со Бразил. Во мечеви без значење, Австралија – Грузија 100:84, Грција – Црна Гора 69:73.

Read More

Вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски, нашата одбојкарска репрезентација ја очекува и третот меч од групата „Ц“ на ЕП во Скопје. По двете победи над Данска и Црна Гора, избраниците на селекторот Миленкоски денеска се исправени пред голем предизвик, да се одигра квалитетно и да се покаже дека не сме далеку од самиот светски одбојкарски врв на дуелот со првиот фаворит Полска. Полјаците во Скопје допатуваа како освојувач на Светската лига на нации 2023, репрезентација која има мноштво светски одбојкарски ѕвезди во својот ростер и селектор со бројни медали од најголемите одбојкарски натпреварувања. „Ние треба да се подготвуваме…

Read More

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија по поразот од Лацио со 2-1 во натпревар од Серија А, вели дека не е задоволен од она што го видел во вториот дел. „Заслуживме да водиме на полувремето бидејќи игравме навистина добро. Во речиси единствениот вистински налет на нашата половина, тие постигнаа гол, така што ефикасноста беше 100 проценти. Израмнивме, но во вториот дел бевме далеку понеефикасни во додавањата и создавањето шанси. Со оглед на второто полувреме, Лацио заслужи да победи, но гледајќи ја играта во целина, мислам дека подобро ќе беше нерешено. Момците мора да научат дека кога не можеме да победиме, барем…

Read More

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го постигна својот 850-ти гол во кариерата во победата на неговиот Ал Наср со 5-1 на гостински терен над Ал Хазм во натпревар од петтото коло од првенството на Саудиска Арабија. Роналдо постигна гол во 68. минута за 4-1 пред Садио Мане десет минути подоцна да ги зголеми 5-1. За Португалецотова е шести гол во последните три натпревари, а забележа и две асистенции. Ал Наср е во серија од три последователни победи во првенството.

Read More

Собранието на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешниот собир не го изгласа предлогот за кратење на ракометната Суперлига на два дела – Суперлига А и Суперлига Б, затоа што клубовите решија дека треба дополнително да се договорат за деталите. На предлогот на клубовите, требаше од 2024/25 да има Суперлига А со осум екипи кои ќе играат 28 кола, а истото ќе важи и за Суперлигата Б. Сепак, треба да има испаѓање од „Супер А“ во „Супер Б“, како и влез во повисок од понизок ранг. Екипите решија дека за овие промени треба да се разговара дополнително на Конференцијата на…

Read More

По победата над Данска и двата дена одмор, вечерва македонската одбојкарска репрезентација од 20 часот ќе го одигра клучниот меч за пласман во втората фаза на Европското првенство 2023. Во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, вечерва, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски пред себе ја имаат селекцијата на Црна Гора, која по стартниот пораз од Холандија, денеска исто така во мечот со Македонија гледа шанса за успех. Полна сала ќе биде уште еден плус за нашите репрезентативци, па затоа вечерва се очекува и многу подобра посетеност отколку на првиот дуел со Данците. Со селекцијата на Црна Гора последен пат…

Read More

Една од иконите во историјата на Ливерпул, Дивок Ориги се врати во Премиер лигата откако му се приклучи на Нотингем Форест на позајмица од Милан. Белгискиот напаѓач не успеа да се наметне во италијанскиот гигант, па реши да бара нов предизвик во кариерата. Во договорот на Ориги има и откупна клаузула која вреди 4,5 милиони евра, но не е задолжителна и Форест може да ја активира до крајот на сезоната. Платата на напаѓачот ќе биде целосно покриена од англискиот клуб. Ориги се очекува да биде претставен во недела, најверојатно ќе дебитира за својот нов клуб по репрезентативната пауза.

Read More