Кошаркарите на Италија и Летонија го потврдија своето место во четвртфиналето на Мундобаскетот 2023, откако денеска славеа во новите средби од втората фаза. Италија го совлада Порторико со 73:57, додека Летонците убедливо со 104:84 триумфираа над Бразил.
Италијанците беа предводни од Џампаоло Ричи и Стефано Тонут со по 15 поени, а „дабл-дабл“ учинок имаше Симоне Фонтекио, по 12 поени и скокови.
Андрејс Гражулис со 24 поени и Артурс Жагарс кој постигна 17 поени беа најефикасни кај Летонија дена мечот со Бразил.
Во мечеви без значење, Австралија – Грузија 100:84, Грција – Црна Гора 69:73.

