Фудбалската асоцијација на Англија излезе со дополнително обвинение за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој доби црвен картон на мечот со Њукасл. Причината за дополнителната истрага е однесувањето на Холанѓанецот по добиениот црвен картон. Капитенот на Ливерпул влезе со вербална пресметка со судијата Џон Брукс, а потоа и со четвртиот судија, незадоволен од неговото исклучување во првото полувреме. Холандскиот дефанзивец има рок до петок да одговори на обвинението. Доколку биде прогласен за виновен, одбранбениот играч ќе биде суспендиран на повеќе од еден натпревар како што налагаат прописите.
Author: saso
Денеска со ждрепка беа одредени двојките за 1. Коло од Купот на Македонија во фудбал. Најинтересниот натпревар во премиерното коло ќе го одиграат Беса и Вардар. Мечевите се закажани за 20 септември од 15 часот. 1.KOЛО ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА БАШКИМИ – СКОПЈЕ КОЖУВ – БРЕРА А.П. АРЕСИМИ – ТИКВЕШ КАРБИНЦИ – ВОСКА ОХРИД – ДЕТОНИТ БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР БВК КОЊАРИ – ШКУПИ БЕСА – ВАРДАР ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР
Со натпреварот меѓу Италија и Белгија, вечерва во 21 часот започнува 33. Европско одбојкарско првенство во машка конкуренција. Оваа година, Македонија е еден од четирите домаќини и организатори на настанот, со тоа што една од четирите групи од првата фаза на првенството ќе се одигра во Скопје, поточно во СЦ „Борис Трајковски“. Најдобрите четири селекции од секоја од четирите групи ќе се пласираат во осминафиналните дуели. Македонија на претходните две првенства не успеа да ја мине првата фаза, а главаната цел токму на ова ЕП е пласман во осминафиналето. Нашата репрезентација настапот на ова ЕП го почнува во среда од…
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор поради повредата заработена на последниот меч со екипата на Селта, ќе мора да паузира околу еден месец. Бразилецот заработи повреда на задниот дел од десниот бут на мечот со Селта во петокот и пред време мораше да ја заврши средбата. Според весникот „АС“, повредата се покажала посериозна отколку што првично се мислеше. Винисиус најверојатно имал руптура на мускулот, поради што го чека опоравување и до 6 недели.
Баерн продолжува да бара дефанзивец кој ќе го замени Бенжамин Павард. Според Sky Sport, германскиот клуб е заинтересиран за играчот на Милан, Пјер Калулу. Минхенците ги привлекува фактот што Французинот може да игра и во центарот на одбраната и на крилната бековска позиција. Во моментов немало никакви контакти меѓу страните, но со оглед на то ашто Павард најави дека ќе штрајкува ако не му дозволат да замине во Интер. Последната информација вели дека тој не тренирал во последните три дена со минхенскиот состав. Во моментов немало никакви контакти меѓу страните.
Унгарските медиуми објавија дека македонскиот фудбалски репрезентативец Дориан Бабунски се наоѓа пред заминување од Дебрецин. Според тамошните вести, Бабунски се сели во редовите на швајцарскиот прволигаш Грасхоперс. Македонскиот голгетер беше меѓу најдобрите фудбалери на Дебрецин минатата сезона постигнувајќи 13 погодоци, а потоа беше прогласен и за играч на сезоната во клубот. Тој на последниот меч за својот тим не беше ниту на клупата, што јасно укажува дека трансферот во ШГрасхоперс е пред завршница. Екипата на Грасхоперс по првите пет кола од швајцарското првенство има освоено само четири бода, постигнувајќи вкупно шест погодоци.
Како и што беше најавено, Роберто Манчини од синоќа и официјално е нов селектор на Саудиска Арабија. Според договорот, Манчини ќе остане на кормилото на Арапите најмалку до 2026 година, а ќе добива годишна плата од 20 милиони евра. „Воодушевен сум и почестен што сум назначен на ваква престижна функција, што укажува на признанието и високото ценење за мојата работа направена низ годините. Се согласив да преземам нов возбудлив проект заснован на заедничка визија и посветеност за развој на националниот фудбал, младите фудбалери и идните генерации. Тоа отсекогаш ми било при срце. Верувам дека ова назначување е признание за важноста…
Вест Хем доцна синоќа го објави потписот со напаѓачот на Ајакс, Мохамед Кудус. Договорот на играчот ќе биде на 5 години. „Од детството сонував да играм во оваа лига. Сонував за овој момент и мило ми е што сум тука. Но, не завршува се со овој трансфер, сакам да продолжам да растам како фудбалер“, рече Кудус по потпишувањето на договорот. Кудус дојде во Ајакс вод 2020 година. 23-годишниот Ганец минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 7 асистенции.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер забележа 7 одбрани на третиот натпревар од Премиер лигата оваа сезона, вчера против Њукасл Јунајтед кој „црвените“ го добија со пресврт во последните моменти од мечот (2-1). Според статистичката анализа, овој број на одбрани е најдобар показател за квалитетите на 30-годишниот голман на Ливерпул, кој вчера го собори сопствениот рекорд за најмногу одбранети шутеви на еден натпревар. Ливерпул се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 7 бодови.
Италијанскиот маратонец Алесио Очипинти е победник на 36. издание на Охридски пливачки маратон. Очипинти беше најбрз на 25-километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид минувајќи ја за рекордно време од 4 часа, 53 минути, 14 секунди. Очипинти беше лидер во текот на целата трка и не дозволи никакво изненадување. Аргентинецот Матијас Дијаз заврши како втор, додека третото место му припадна на уште еден Италијанец, Марко Инглима.
