Author: saso

Најдобрите кошаркарски репрезентации во светот, од денеска по 19-ти пат ќе играат на Мундобаскетот во битката за планетарниот трон. За првпат Мундијалот ќе се одржи во неколку земји, а домаќини се Јапонија, Филипините и Индонезија.м Интересно е што првпат во завршницата нема да има претставник на една од земјите домаќини, затоа што Индонезија не се пласираше, а за вторпат на првенството ќе учествуваат 32 селекции. Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза, во која ќе се формираат четири нови групи со по четири репрезентации. Од…

Read More

Денеска на официјална прес-конференција ФК Вардар ги објави новитетите кои деновиве донесоа промени на тренерската и директорската позиција во клубот. Пред новинарите беше претставен новиот тренер Александар Васоски, како и новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски. Еден од првите луѓе на навивачката група „Комити“ која го презема управувањето на клубот, Милорад Миленковски, изјави дека се завршени сите процедури околу комплетното преземање на клубот. „Завршени се сите процедури и Комити се 100% сопственици на ФК Вардар. Тоа не значи дека ние како Комити имаме амбиции да го водиме клубот или да бидеме сопственици. Ние бараме решение на ФК Вардар. Институционално да се…

Read More

Во период од само 13 минути, Шпанија освои уште две нови златни медали на Светското атлетско првенство во Будимпешта. На трката на 35 километри во брзо одење, Шпанците имаа двоен успех. Марија Перез освои злато во женска, додека Алваро Мартин го обедини златото во машка конкуренција. Овие шпански атлетичари на првиот ден на атлетскиот шампионат во Будимпешта ги освоија златните медали и на трката на 20 километри брзо одење. Перез до златото на 35 километри дојде со време од 2 часа, 38 минути и 40 секунди што е нов рекорд на светските првенства, додека времето на „златниот“ Мартин беше 2:24:30…

Read More

Ѕвездата на Далас Маверикс и на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, изјави дека репрезентациите стационирани во Окинава биле разбудени од итна тревога за евакуација откако Северна Кореја истрелала две балистички ракети. Локалното население на Окинава, островот кој е најјужната и најзападната префектура на Јапонија, побара засолниште од можни катастрофи. На крајот, јапонската влада објави дека областа е безбедна. „Се е супер, освен што не спиев првата ноќ поради алармот. Беше лудо, само видов дека доаѓа некаков проектил, се исплашив“, рече Лука Дончиќ на првата прес-конференција по пристигнувањето на Окинава. Словенците на Мундобаскетот се во група заедно со Грузија, Венецуела и…

Read More

Оваа сабота по 36. пат ќе се одржи популарната спортска манифестација, Охридски пливачки маратон. И годинава во силна конкуренција со преку 20 пријавени маратонци, организаторите од Националната пливачка федерација и градот Охрид очекуваат успешно издание и добра посетеност на патеката од Св. Наум до градското пристаниште. „Охридскиот маратон ќе стартува околу 12 часот. Досега имаме пријава од околу 20 пливачи кои ќе учествуваат. Со навремено почнување на организацијата на маратонот, дојдовме во фаза кога сме сигурни дека настанот ќе биде добро организиран. Охридскиот маратон влегува во календарот на спортови во вода кој што го организира локалната самоуправа на градот Охрид.…

Read More

Американскиот тенисер Џон Изнер најави дека УС Опен ќе биде последно натпреварување во неговата професионална кариера. Американецот реши дека е вистинско време да се повлече од спортот на 38 години, на местото каде што пред 16 години дебитираше на големата сцена. „Во кариерата на секој спортист доаѓа момент кога велат дека е време да си замине. Моето време дојде. Не беше лесно, но мислам дека ова е најдобриот начин да се оди. Кога го напуштив Универзитетот во Џорџија, не ни сонував дека ќе играм професионален тенис цели 17 години“, изјави Изнер. Во кариерата оствари 488 победи, а најголем успех му…

Read More

Повредата на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт се покажа како посериозна од очекуваното и тој ќе биде надвор од терените подолго време, објави Дејли Мејл. Претходно во текот на неделата се зборуваше дека поранешниот играч на Челзи ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот до репрезентативната пауза, но ќе биде достапен после тоа. Сепак, последните наоди покажале дека повредата ќе го оддалечи Маунт од терените и до 6 недели.

Read More

Струга Трим Лум на денешниот меч против Бреидаблик во Охрид, на клупата ќе биде без тренерот Шпетим Дуро. Дуро има суспензија од еден меч и ќе мора да ја одработи на денешната средба. „И јас сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа е што е, и мора да ја прифатам. Мислам дека тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена, дефинитивно ми е жал што нема да ја водам екипата, но со помош на мојот стручен штаб, со…

Read More

Интер Мајами на Лионел Меси оствари победа во полуфиналето на Отворениот куп на САД, откако синоќа по подобро изведување на пенали славеше над Синсинати. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 2:2, а нерешено беше и во продолжението, 3:3. Меси го одигра целиот меч и беше автор на две асистенции, кои ги искористи напаѓачот Леонардо Кампана, кој постигна два гола. Аргентинецот погоди во пенал-рулетот. На 27 септември, Интер Мајами ќе се сретне со екипата на Хјустон во финалниот меч. Претходно, Меси и Интер Мајами го освоија и Лига купот на Северна и Централна Америка.

Read More

Хрватскиот репрезентативен голман, Доминик Ливаковиќ, денеска ќе пристигне во Истанбул каде треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со екипата на Фенербахче. Турскиот клуб утрово со кусо соопштение потврди дека постигнал договор со Динамо Загреб за трансферот на Ливаковиќ и дека во текот на денот ќе го официјализира новото засилување. Капитенот от на Динамо го напушта клубот на денот на најважниот натпревар на хрватскиот шампион, првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа против Спарта Прага. Зделката доаѓа откако досегашниот прв голман на Фенер, Алтај Бајиндир, ги помина лекарските прегледи во Атина и деновиве ќе го затвори…

Read More