Author: saso

Македонецот Горјан Гого Славески стана светски шампион во бокс со голи раце во велтер категорија откако во борбата за појасот го совлада Џејл Лидзи со судиска одлука. Веднаш по борбата, Гого на социјалните мрежи објави статус. Тој напиша: „За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив! Светски успех!. По мечот тој рече: „Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“. Гого Славески кој има 28 години е дете пораснато…

Read More

Алексис Санчез се враќа во дресот на Интер. Чилеанецот се пресели во клубот со слободен трансфер, откако претходно о го напушти француски Олимпик Марсеј. За време на престојот во Интер, пред да се пресели во Франција, Санчез одигра 109 натпревари, постигнувајќи 20 гола и 23 асистенции во две сезони во Серија А. Во Марсеј, 34-годишниот Алексис Санчез постигна 18 гола на 44 натпревари.

Read More

Македонската маратонка Адријана Поп Арсова не успеа да ја заврши маратонската трка на Светското атлетско првенство во Будимпешта. На женскиот маратон кој се одржа денеска на претпоследниот ден на атлетскиот мундијал, Поп Арсова беше единствената Македонка меѓу учесниците, но за жал не успеа да стигне до целта. Етиопија имаше причина за двојно славје, затоа што првите две позиции на крајот ги заземаа маратонките од оваа африканска земја. Златото и припадна на Амане Шанкуле, која патеката од 42 километри ја претрча за 2 часа, 24 минути и 23 секунди, што е најдобро нејзино постигнување оваа сезона. Второто место и сребрениот медал…

Read More

Фаворитите без проблеми го почнаа светското кошаркарско првенство во Азија. Првите победи ги прокнижија Австралија, Италија, Црна Гора и Летонија. Австралиските кошаркари ја победија Финска со 98:72, додека Италија беше подобра од Ангола со 81:67. Австралијците ја оправдаа улогата на фаворити и убедливо ја совладаа Финска. Одличрн беше Пети Милс со 25 поени и 8 скока, а Џош Гиди имаше 14 со 9 скока и 8 асистенции. Лаури Марканен ја предводеше Финска со 19 поени, 8 скока и 4 асистенции. Италија пред 21.000 гледачи во Манила стартуваше на СП со победа над Ангола. Иако Африканците одлично се држеа цели три…

Read More

Во екот на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта, ексклузивно во разговор за Спортско радио 90.3 фм, поранешниот долгогодишен селектор на атлетската репрезентација на поранешна Југославија, Дане Корица, се остврна за настапот на популарната српска атлетичарка Ивана Вулета (Шпановиќ), која ги надмина сите рекорди кои тешко дека некој ќе ги достигне во скора иднина. „Таа е на ниво на Новак Ѓоковиќ. Само пред три дена во Будимпешта повторно стана светски првак. Таа 10 години е на самиот врв на светската атлетика“, вели Корица. Инаку Дане Корица ни раскажуваше и за поврзаноста со Македонија односно блискоста со нашите…

Read More

Вчера вечер во Охрид и официјално беа преставени годинешните учесници на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година ќе учествуваат шест натпреварувачки во женска и девет пливачи во машка конкуренција. Организаторот на маратонот, Општина Охрид и ПК „Охридски бранови“, традиционално ја доделија и спортската награда „Климе Савин“ за 2023, која оваа година ја понесе македонската пливачка легенда Томи Стефановски. Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи утре, 26 август. Ќе се плива на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум, до Охрид. Стартот е утрото во Св. Наум, а целта на градскиот кеј. Наградниот фонд на Охридскиот пливачки…

Read More

Ако не успее да го обезбеди потписот на Павар од Баерн (М), Интер ја разгледува опцијата да го купи фудбалерот на Торино, Пер Шурс. Интер има договор со Баерн Минхен за Павар, но трансферот се одложува бидејќи геранците не сакаат да го пуштата да си замине, без да донесат замена за него. „Ла Стампа“ пишува дека Интер го губи трпението со Павар, па следи некои алтернативи доколку трансферот пропадне. Една од првите е името на Шурс кој е прв „пик“ на Симоне Инзаги. Торино најави дека ќе бара 40 милиони евра за дефанзивецот.

Read More

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, призна дека на Челзи му треба нов голман, како и напаѓач за да биде конкурентен оваа сезона во Премиер лигата. „Потребен ни е барем еден нов голман“, рече шефот на „сините“, кој виде остана на Роберт Санчез кој ова лето дојде до Брајтон. „Имаме многу талентирани млади голмани, но им треба време. Зборувавме за еден офанзивен играч, вистински профил. Ако можеме да го додадеме треба да се обидеме. Работиме напорно, но ќе видиме. На овие две позиции ни требаат играчи“, потврди Покетино.

Read More

Челзи е подготвен да го даде Ромелу Лукаку на позајмица. Според „Атлетик“, лондончани работеле на продажба цело лето, но сега се подготвени да го изнајмат, под услов тоа да вклучува откупна обврска или да се плати значителна сума за позајмицата. Јувентус, Рома и клубови од Саудиска Арабија во моментов се единствените заинтересирани за Лукаку. Некои британски весници пишуваат дека Белгиецот се предомислил за преселба во Јувентус. Се очекува 30-годишниот фудбалер да и се приклучи на Рома на позајмица, но италијанскиот клуб ќе мора да вклучи задолжителна откупна клаузула во договорот.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе биде надвор од терените околу еден месец,. Тој има повреда на мускулот и ќе мора да помине подолг период на рехабилитациоја. Манчестер Јунајтед се надева дека играчот ќе се врати на теренот за неколку недели, а не за месеци, како што објавија некои медиуми. Шо одигра два натпревари од по 90 минути оваа сезона во Премиер лигата против Вулверхемптон (1:0) и Тотенхем (0:2) и треба да биде една од главните алки во  дефанзивата на тимот на Тен Хаг.

Read More