Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов нема да ја промени клупската средина ова лето. По здравствените проблеми, Чурлинов се уште е надвор од тренинг-процес, па според последните информации од неговиот сегашен клуб тој би можел целосно да се врати со тренинг и натпревари дури во октомври. Германски Шалке беше заинтересиран за Чурлинов, но ваков трансфер засега нема да се реализира.
Author: saso
Александар Васоски ќе биде нов тренер на скопски Вардар. Откако пред неколку дена дојде до промена на тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски состав, денеска и официјално Васоски ќе биде промовиран во ново тренерско решение. Тој доаѓа на местото на Бобан Грнчаров кој досега ги предводеше „црвено-црните“. На позицијата спортски директор на клубот ќе биде поставен еден од најтрофејните македонски тренери, Ѓоко Хаџиевски. И тој се враќа во редовите на „црвено-црните“ кои годинава ќе имаат сериозна обврска и покрај сите финансиски проблеми да обезбедат опстанок во македонската фудбалска елита.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ го објави списокот на играчи кои ќе настапат на престојоното Светско првенство. Србија на Мундобаскетот најверојатно ќе ја претставуваат: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Душан Ристиќ и Никола Милутинов. Во игра е и името на Алакса Раданов, но тој ќе биде прва опција за замена.
Од петок до недела, РК Прилеп ќе го организира 8. Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“. На турнирот ќе учествуваат 8 екипи поделени во две групи. Во првата група ќе бидат домаќинот Прилеп заедно со екипите на Дубочица, Скопје и Струга, додека во групата „Б“ ќе се најдат фински Кокс, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс и Пролет.
Викендов во организација на Скијачка федерација на Македонија ќе се одржи седмиот FIS Rollerski Cup Тоше Проески. Свеченото отворање со церемонијални активности е во петок пред спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, со почеток од 19 часот. Викендот ќе помине во знакот на спортските натпревари, одлична атмосфера и дружење, а доделувањето на наградите и затворањето на настанот е во недела на Градскиот плоштад во Крушево.
Барселона ќе разговара за продолжување на договорот со тренерот Чави, но дури откако и официјално ќе заврши летниот пероден рок. Според Diario Sport, преговорите со Чави за нов договор ќе започнат по затворањето на летниот преоден рок, бидејќи Барса сака да го продолжи договорот со тренерот под подобрени услови, но најпрво да се стабилизира екипата за новата сезона. Агентот на Чави веќе одржал неколку консултативни разговори со раководството на клубот. Преговорите за нов договор ќе ги води новиот спортски директор на Барселона Деко.
Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ќе биде новото засилување за Челзи на крајот на овој летен трансфер период. Според информациите на српските медиуми, реализацијата на трансферот е пред крај. „Сините“ постигнале устен договор за трансфер на 23-годишниот голман од екипата на Њу Ингланд Револушн во МЛС лигата. Сумата на трансферот би требала да биде околу 16 милиони евра. Српскиот фудбалер утре треба да ги мине лекарските прегледи пред да потпише договор. Петровиќ забележа 22 настапи во МЛС во 2023 година, откако во САД дојде до екипата на Чукарички.
Денеска стартува решавачката плеј-оф рунда за влез во групната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Програмата вклучува по три натпревари кои ќе се играат вечерва и утревечер со почеток од 21 часот. Вечера, полскиот шампион Раков ќе се сретне со данскиот првак ФК Копенхаген, шкотски Глазгов Ренџерс е домаќин на првата пресметка со холандскиот гигант ПСВ Ајндховен, додека Антверпен ќе биде домаќин во првиот меч со грчки АЕК. Утре во рамките на продолжението на плеј-офот се среќаваат и Макаби Хаива – Јанг Бојс, Молде – Галатасарај и Брага – Панатинаикос.
Легендата на Арсенал, Тиери Анри ја презеде француската репрезентација до 21 година, потпишувајќи 2-годишен договор. Напаѓачот, кој е поранешен играч на Интер и Барселона, има акумулирано тренерско искуство, но без посебни постигнувања. Тој прво работеше во школата на Арсенал, потоа беше на чело на Монако, како и канадски Монтреал во МЛС. Голем предизвик за Анри ќе бидат Олимписките игри во Париз следната година, каде Франција ќе бара силен настап во секој спорт. Тој исто така ќе го води тимот и во квалификациите за Евро 2025. Дебито на Анри ќе биде на 7 септември против Данска на контролен натпревар, а 4…
Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Рајан Гравенберх може да биде позајмен ова лето, тврдат извори блиски до баварскиот гигант. Не е спорно дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за играчот. Самиот играч е подготвен да го напушти Баерн дури и на трајна основа. Сепак, Баерн (М) не е подготвен во овој момент да го продаде, па најверојатно ќе се одлучи само за негова позајмица. Минатата сезона, 21-годишниот играч од средниот ред само неколку пати стартуваше во шампионскиот тим на Баварците.
