Од петок до недела, РК Прилеп ќе го организира 8. Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“. На турнирот ќе учествуваат 8 екипи поделени во две групи.
Во првата група ќе бидат домаќинот Прилеп заедно со екипите на Дубочица, Скопје и Струга, додека во групата „Б“ ќе се најдат фински Кокс, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс и Пролет.