Раководството на Манчестер Јунајтед успеа да ја финализира зделката за добивање на мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат од тимот на Фиорентина. Во последните минути од летниот преоден рок, Амрабат беше официјално претставен како ново засилување на веб-страницата на англискиот клуб. Мароканецот ќе игра на „Олд Трафорд“ како позајмен до јуни 2024 година. „За мене е голема чест што станав играч на Манчестер Јунајтед. Морав да бидам трпелив за овој момент, но јас сум човек кој секогаш го слуша моето срце и веќе можам да кажам дека го претставувам клубот од соништата“, изјави Амрабат.
Author: saso
Дефанзивецот на Арсенал, Роб Холдинг е ново засилување за Кристал Палас. „Топчиите“ се согласија да го продадат 27-годишниот дефанзивец за скромна сума од 1 милион фунти, а договорот предвидува Арсенал да добие дополнителни 2,5 милиони фунти во бонуси. Договорот на Холдинг со Палас е на 3 години. Арсенал го ангажираше Роб Холдинг од Болтон во 2016 година. Тој одигра 162 натпревари за тимот од Северен Лондон, освојувајќи го ФА Купот двапати и Комјунити Шилд три пати.
ПСЖ во последните минути од преодниот рок синоќа пред полноќ донесе уште едно големо засилување во името на Рендал Коло Муани. Во наредните пет години тој ќе го носи дресот на „светците“. Годишно ќе заработува седум милиони евра. Насер Ал-Келаифи и спортскиот сектор на ПСЖ успеаја да ги убедат луѓето од Ајнтрахт и да го реализираат трансферот на Коло Муани. Ајнтрахт не ги доби посакуваните 100 милиони евра, но многукратно зарaбoти бидејќи пред нешто повеќе од една година го донесе играчот како слободен од Нант. На крајот ПСЖ за трансферот на Коло Муани плати 90 милиони евра (75 милиони фиксни…
Во Монако попладнево со ждрепка беа одредени групите за новата сезона од Лигата на шампионите. Во неа ќе учествуваат 32 екипи, кои беа поделени во стандардните 8 групи. Единствениот Македонец во групната фаза на најсилното европско натпреварување, Елиф Елмас со неговиот Наполи се најде во силна група заедно со Реал (М), Брага и Унион Берлин. Како „група на смртта“ веројатно ќе биде прогласена групата „Ф“ во која се најдоа ПСЖ, Борусија (Д), Милан и Њукасл.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на септември ги стартува квалификациите за пласман на ЕП 2025 година во Словачка. Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2025 против Шведска на 8. септември во Јенчепинг, со почеток во 18. часот и Холандија на 12. септември со почеток од 15:30. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје. На списокот на селекторот Драги Канатлароски се наоѓаат следните фудбалери: ГОЛМАНИ: Марко Алчевски – А.П. Брера Иван Николоски – Победа Стефан Митрев – Кожуф ОДБРАНА: Марио Ричков – Шкупи…
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски на новинарско прашање, ја коментираше одлуката на Стефан Ристовски да се откаже од националниот тим на Македонија. „Мојата почит е кон Ристовски и кон сите репрезентативци, а тоа го покажува и мојот пат до Загреб и разговорот со Стефан. Моја беше идејата да биде лидер и капитен на тимот, јас му ја доделив капитенската лента, и јас ја изразив мојата почит. Имавме конструктивен разговор, но имавме различни гледишта за некои работи, но сето тоа за подобрување на тимот. За жал нема да биде дел од нас, ја почитувам одлуката, што не значи дека…
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија (9. септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Малта (12. септември, 20:45 часот, Малта). Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитанти се фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски и напаѓачот на Вараждин, Димитар Митровски. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија…
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов ќе биде една од важните алки во играта на нашата репрезентација на Европското првенство кое денеска почнува во Скопје. Моќниот смечер во пресрет на дуелот со Данска вечерва, вели дека се е подредено на битка за првата победа. „Има мала возбуда пред првиот меч пред наша публика. Данска е стар противник, добро го анализиравме, имаме добра подготовка, и навистина сметам дека сме одлично подготвени да излеземе на терен и да ја покажеме нашата игра. Мора да бидеме мудри, не смееме да изгориме уште на стартот. Зрели сме за победа“, потенцира Љафтов. Македонија вечерва од 20…
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Летонија, Даирис Бертанс го заврши настапот на овогодинешниот Мундобаскет. Ова е многу лоша вест за Летонија, која во втората фаза отиде со две победи и еден пораз, откако ја напушти групата на смртта, во која беа уште и Канада, Франција и Либан. По рутинската победа над Либан, Летонија ја шокираше Франција и ја исфрли од Мундобаскетот. Тие во последното коло беа убедливо поразени од Канада со резултат 101:75, но се пласираа во следната фаза со две победи и пораз. Сепак, лошите вести стигнаа откако Бертанс ја скина тетивата меѓу коленото и бутот и ќе биде…
Англиски Фулам ќе добие уште едно големо засилување ова лето. До крајот на преодниот рок, англискиот тим треба да ги осигура услугите на Лукас Окампос од Севиља. Аргентинецот е главна фигура во тимот од Андалузија, но понудата на Фулам веќе го натера да се соочи со нов предизвик во кариерата. За Марко Силва ова може да биде еден решавачки трансфер потег во обидот Фулам да се вмеша и во горниот дел на табелата во Премиер лигата. Премиер лигата ќе биде четврта од петте големи лиги во Европа во кои ќе настапува Окампос. Покрај во Шпанија, тој играше и во Италија…
