Author: saso

Михајло Милосавиќ е ново засилување за ФК Вардар. Како што објавија денеск од клубот, Милосавиќ во Скопје доаѓа од српскиот претставник во групната фаза на Лигата на Европа, екипата на ТСЦ Бачка Топола. Во младинските категории бил дел од најголемите српски клубови Војводина, Партизан и Црвена звезда. Милосавиќ има 19 години, игра во средниот ред и е актуелен репрезентативец на Србија во селекцијата до 19 години.

Read More

Вечерва од 18 часот во Струмица со натпреварот од Суперкупот на Македонија, стартува новата ракометна сезона кај нас. 6. издание на Супер Купот на Македонија ќе донесе дуем меѓу вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар, кои на струмичани ќе им понудат квалитетен ракомет за уживање. И двата тима минатата сезона ја завршија со по еден пехар во своите раце. Еурофарм Пелистер стана нов македонски шампион, додека Вардар го одбрани Куп трофејот. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во последните две сезони е победник во Супер Купот и денес се надева на трет трофеј во ова натпреварување.

Read More

Нашите фдубалски репрезентативци во Скопје продо,лжуваат со подготовки за дуелот со Италија в сабота на Националната Арена. Репрезентативците под водство на селекторот Милевски во Скопје подготуваат стратегија за „аѕурите“, кои доаѓаат со нов селектор и надежи за одмазда за поразот кој им го приредивме во Палермо. Човекот кој со гол ја елиминира Италија од учество на СП во Катар, Александар Трајковски, за очекувањата од дулот в сабота во Скопје вели: „За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го…

Read More

„Нероаѕурите“ синоќа го потврдија продолжувањето на договорот со актуелниот тренер на тимот, Симоне Инзаги до 2025 година. 47-годишниот стратег сега е трет најплатен тренер во италијанската Серија А, по Масимилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома. Платата на Инзаги се зголемува на 5,5 милиони евра по сезона по неговото обновување на договорот со Интер, додека Алегри и Мурињо добиваат 7 милиони евра годишно. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е четвртиот најплатен со плата од 4 милиони евра годишно.

Read More

Манчестер Јунајтед започнал преговори за продолжување на договорот со Арон Ван-Бисака по неговиот напредок под водство на Ерик тен Хаг минатата година на „Олд Трафорд“. Ван-Бисака (25) е во последната година од договорените услови кога дојде од Кристал Палас во 2019 година, иако клубот има опција да го продолжи за една сезона. Последниот месец се разговараше за нов договор кој ќе го задржи во Јунајтед по 2025 година. Ван-Бисака беше надвор од тимот во шест месеци пред Тен Хег да биде назначен за нов тренер во Јунајтед.

Read More

Кошаркарската репрезентација на Србија е првиот полуфиналист на Мундобаскетот 2023. Србите во европската класика против Литванија, славеа со 87:68 во меч кој се играше во Манила. Литванија која во претходниот меч ја совлада селекцијата на САД, денеска само во првата четвртина беше рамноправен противник на Србија. Од втората четвртина, па до крајот на мечот Србија одигра одлично и успеа да дојде до место меѓу четирите најдобри. Богдан Богдановиќ беше најдобар во редовите на Србија на 21 постигнат поен, Филип Петрушев постигна 17, додека Стефан Јовиќ даде 11. Кај Литванија, Тадас Седекерскис постигна 14 поени. Противник на Србија во полуфиналето ќе…

Read More

Италијанската фудбалска репрезентација во Скопје доаѓа со нов директор. Вчера, Италијанската федерација го претстави легендарниот голман на „аѕурите“, Џанлуиџи Буфон, како нов директор на италијанската репрезентација, по доаѓањето и на новиот селектор Спалети. На промоцијата, Буфон истакна дека довербата која ја добил го прави среќен човек. „Оваа задача ме стимулира и ме прави среќен човек бидејќи се враќам во средина што мислам дека ја познавам доста добро. Да се ​​биде овде и да се обидам да продолжам онаму каде што застана Вијали е навистина голема обврска. Ќе се обидам да бидам тој што сум бил отсекогаш, ова ќе биде моја…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево од 17 часот во Скопје ќе го одигра и четвртиот меч на Европското првенство. За избраниците на селекторот Јошко Миленскоски нов предизвик ќе биде селекцијата на Холандија, против која ќе се обидеме да ја оствариме и третата историска победа на завршниците на континенталните натпреварувања. Македонија вчера и официјално успеа да го потврди пласманот во осминафиналето, откако Црна Гора и Данска претрпеа нови порази во групата. За нас последните два меча со Холандија и Чешка ќе бидат шанса да се избориме за уште подобар пласман во групата, и со тоа условно за полесен ривал во осминафиналето во…

Read More

Даниел Поденс се врати во Грција. 27-годишниот португалски крилен напаѓач беше купен од Олимпијакос од страна на Вулверхемптон во јануари 2020 година, а сега се враќа назад во Атина како позајмен играч. Од премиерлигашот потврдуваат дека го позајмиле до крајот на сезоната. Волвс во исто време наведуваат дека ја продолжиле соработката со Португалецот до 2025 година и дека имаат опција за уште една година. Покрај Поденс, Олимпијакос го потврди и црногорскиот интернационалец Стефан Јоветиќ.

Read More

Саудискиот клуб Ал Шабаб официјално го претстави Јаник Фереира Караско како ново засилување. Фудбалерот потпиша 3-годишен договор со клубот. Саудијците му платија на Атлетико Мадрид 15 милиони евра за белгискиот интернационалец, кој беше дел од „јорганциитее“ во последните три години. Минатата сезона тој одигра 35 натпревари и постигна 7 гола за Атлетико. Караско е првото големо засилување за Ал Шабаб, кој оваа сезона во саудиската Про лига е на самото дно на табелата.

Read More