Кошаркарската репрезентација на Србија е првиот полуфиналист на Мундобаскетот 2023.
Србите во европската класика против Литванија, славеа со 87:68 во меч кој се играше во Манила. Литванија која во претходниот меч ја совлада селекцијата на САД, денеска само во првата четвртина беше рамноправен противник на Србија. Од втората четвртина, па до крајот на мечот Србија одигра одлично и успеа да дојде до место меѓу четирите најдобри.
Богдан Богдановиќ беше најдобар во редовите на Србија на 21 постигнат поен, Филип Петрушев постигна 17, додека Стефан Јовиќ даде 11. Кај Литванија, Тадас Седекерскис постигна 14 поени. Противник на Србија во полуфиналето ќе биде подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Канада и Словенија.