Вечерва од 18 часот во Струмица со натпреварот од Суперкупот на Македонија, стартува новата ракометна сезона кај нас. 6. издание на Супер Купот на Македонија ќе донесе дуем меѓу вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар, кои на струмичани ќе им понудат квалитетен ракомет за уживање.
И двата тима минатата сезона ја завршија со по еден пехар во своите раце. Еурофарм Пелистер стана нов македонски шампион, додека Вардар го одбрани Куп трофејот.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во последните две сезони е победник во Супер Купот и денес се надева на трет трофеј во ова натпреварување.