Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Мартин и Перез и донесоа нови две златни медали на Шпанија во брзо одење
    Меѓународен микс

    Мартин и Перез и донесоа нови две златни медали на Шпанија во брзо одење

    sasoBy saso24/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во период од само 13 минути, Шпанија освои уште две нови златни медали на Светското атлетско првенство во Будимпешта. На трката на 35 километри во брзо одење, Шпанците имаа двоен успех. Марија Перез освои злато во женска, додека Алваро Мартин го обедини златото во машка конкуренција. Овие шпански атлетичари на првиот ден на атлетскиот шампионат во Будимпешта ги освоија златните медали и на трката на 20 километри брзо одење.

    Перез до златото на 35 километри дојде со време од 2 часа, 38 минути и 40 секунди што е нов рекорд на светските првенства, додека времето на „златниот“ Мартин беше 2:24:30 часа, што е нов рекорд во Шпанија и деветти најдобар светски резултат низ историјата.

    Подиумот кај дамите го комплетираа Перуанката Кимберли Гарсија Леон и грчката атлетичарка Антигони Дрисбиоти, додека кај мажите втор заврши Еквадорецот Даниел Пинтадо, додека трет беше Јапонецот Масатора Кавано.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бањаја откри дека имал проблем со сопирачките

    25/09/2023

    Саинц има забелешка на командите од боксот

    25/09/2023

    Етиопијката Асефа го собори светскиот рекорд во маратон

    24/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот …
    • Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија
    • Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре
    • Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен
    • Само што го купија Онана, Манчестер Ј. сега гледаат нов голман
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.