Собранието на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешниот собир не го изгласа предлогот за кратење на ракометната Суперлига на два дела – Суперлига А и Суперлига Б, затоа што клубовите решија дека треба дополнително да се договорат за деталите.
На предлогот на клубовите, требаше од 2024/25 да има Суперлига А со осум екипи кои ќе играат 28 кола, а истото ќе важи и за Суперлигата Б. Сепак, треба да има испаѓање од „Супер А“ во „Супер Б“, како и влез во повисок од понизок ранг.
Екипите решија дека за овие промени треба да се разговара дополнително на Конференцијата на клубовите до крајот на 2023 година, а Собранието на РФМ донесе одлука за ова конечниот збор да го каже Управниот одбор на РФМ во консултација со конференцијата на тимовите.