Кошаркарите на МЗТ Скопје А. и оваа година го освоија Суперкупот. Вечерва во СРЦ „Кале“ избраниците на Васко Атанасов славеа над екипата на Феникс 2010 со убедливи 76:54 и ја продолжија доминацијата на домашната кошаркарска сцена.
Дуелот меѓу првакот и вицепрвакот во Купот заврши со победа на „штрковите“ кои ја искористија ротацијата и подолгата клупа, како и поголемото искуство за на крајот да дојдат и до прилично лесен триумф.
Најдобар поентер беше Војдан Стојановски со 13 поени, пред Садрик Расел со 12 поени. Кај Феникс, Даниел Шакур финишира со 18 поени.
За МЗТ Скопје ова е рекорден шести пехар во Суперкупот на Македонија.