Author: saso

Поранешниот фудбалер на Челзи, Клод Макелеле, објави дека се повлекува од функцијата технички ментор на младите играчи на лондонскиот клуб. „После четири напорни години, Челзи и јас со заедничка согласност одлучивме дека е време да барам нов, свеж предизвик. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за нивната наклонетост. Сината секогаш ќе биде бојата на моето срце. Ќе ви кажам повеќе кога ќе се одлучам за следното поглавје“, напиша Макелеле на својата страница на Твитер. Клод Макелеле играше за англискиот клуб од 2003 до 2008 година.

Read More

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер загуби од германскиот шампион Кил со 20:23 во мечот од третото коло во Лигата на шампиони. За разлика од првите два меча кои ги загуби убедливо, Еурофарм Пелистер одигра храбро и покажа дека не случајно е дел од елитното друштво. Ж Одбраната беше таа која доминираше и на двете страни, па и малиот број на голови во двете полувремиња говори за тоа. Кил го доби првиот дел до 9:11, а во второто полувреме битолчани успеаја да се вратат комплетно, па и во неколку наврати имаа напади за водство. На 19:19, битолчани останаа со играч помалку,…

Read More

Кошаркарите на Работнички со победа над градскиот ривал ТФТ ја отворија 32. сезона во македонската Прва лига. Работнички славеше со убедливи 73:56 и покажа дека ова ќе биде многу подобра сезона за нив. Уште во првите десет минути, Работнички направи голема предност и најави дека мечот ќе го водат кон убедлива победа (24:9). Нешто подобра реакција имаше екипата на ТФТ на почетокот на втората четвртина, но до крајот на полувремето Работнички го задржа ритамот и на пауза замина со 40:26. Во вториот дел Работнички успеваше да го одржи одработеното во првиот дел и дојде до посакуван триумф. Декоузи постигна 14…

Read More

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје А. доби сериозно засилување пред почетокот на новата сезона. Денеска клубот и официјално потпиша нов спонзорски договор со компанијата МТЕЛ. “Со компанија како МТЕЛ потврдуваме дека сме на добар пат и за нас претставува големо задоволство да се соработува со една ваква голема компанија но и обрврска да се оправда довербата”, изјави директорот на МЗТ Скопје, Филип Ѓорески. Што се однесува до самиот договор тоа значи дека МТЕЛ ќе биде ексклузивен телеком партнер на МЗТ Скопје А. во сезоната 2023/24. “Вистинско задоволство е што сум дел од оваа промоција на новиот партнер на МЗТ…

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, Македонија ЃП во оваа фаза за противник го доби Вардар, па навивачите ќе имаат можност да проследат едно интересно скопско дерби во кое улогата на домаќин ќе ја има Вардар. Во останатите дуели ќе играат: Брегалница – Јанг Тим Работнички – Шкендија Силекс – Башкими Пелистер – Тиквеш Брера Струмица – Гостивар Шкупи – Охрид Воска Спорт – Струга ТЛ Ќе се игра само еден меч на 25 октомври, по што победниците одат во четвртфиналето.

Read More

Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона. Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за високи пласмани на трките во Алгарве (Португалија) и По (Франција), но еднаш беше удрен од ривал, а потоа имаше и дефект. Откако имаше голем судир на Хунгароринг (Унгарија), повторно доби шанса на втората трка возена на Пол Рикар (Франција), но и покрај тоа што водеше во трката, автомобилот ги изневери неговите очекувања. „По многуте викенди со технички проблеми, судири и…

Read More

Дербито на холандското првенство во рамките на 6. коло во холандскиот шампионат меѓу Ајакс и Феенорд кое беше прекинато поради дивеењето на навивачите, и покрај противењето на гостите ќе мора да биде доиграно. Според одлуката на Холандската федерација мечот кој беше прекинат при резултат 0:3 за гостите од Ротердам ќе се доигра во среда на 27 септември од 14 часот. Натпреварот ќе се игра без публика.

Read More

Деклан Рајс кој мораше да биде заменет на неделното дерби со Тотенхем нема сериозна повреда. По натпреварот тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Англичанецот почувствувал голема непријатност во грбот и дека го чекаат лекарски прегледи. Според „Скај Спортс“, Арсенал стравувал дека Рајс може да се соочи со подолга пауза, но медиумите пренесуваат дека играчот од средниот ред бил подложен на низа тестови, а резултатите покажале дека 24-годишниот Англичанец не е засегнат од некој сериозен проблем. Информациите велат дека Рајс веќе викендов би можел да се врати во акција за натпреварот против Бурнемаут.

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед будно го следи голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Јунајтед летово го ангажираше Андре Онана од Интер, но камерунскиот голман имаше слаб старт во клубот од Премиер лигата. Затоа, „црвените ѓаволи“ се насочиле кон Облак како можна замена доколку Онана не го подигне нивото на игра. 30-годишниот Облак настапува во Атлетико Мадрид од летото 2014 година, кога се пресели во клубот од Бенфика.  Атлетико Мадрид има договор со словенечкиот голман до 2028 година. 

Read More

Џон Тери е многу блиску до позицијaта спортски директор во клубот од Саудиска Арабија, Ал Шабаб.  Веста ја потврдија повеќе извори. Според нив, Џон Тери ја отфрлил понудата да биде тренер на Ал Шабаб, но улогата на спортски директор наводно легендата на Челзи би можел да ја прифати. Наводно, Ал Шабаб му понудил на Џон Тери краток договор што е единствено прифатлив за него. Назначувањето допрва треба да биде потврдено од официјалниот тим.

Read More