Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер загуби од германскиот шампион Кил со 20:23 во мечот од третото коло во Лигата на шампиони. За разлика од првите два меча кои ги загуби убедливо, Еурофарм Пелистер одигра храбро и покажа дека не случајно е дел од елитното друштво. Ж
Одбраната беше таа која доминираше и на двете страни, па и малиот број на голови во двете полувремиња говори за тоа. Кил го доби првиот дел до 9:11, а во второто полувреме битолчани успеаја да се вратат комплетно, па и во неколку наврати имаа напади за водство.
На 19:19, битолчани останаа со играч помалку, по што следуваше серија од 0:3 за Кил и решение на победникот на мечот. Радивојевиќ постигна 5 гола, Цехте 4, додека по три погодоци постигнаа Пешевски и Петар Атанасијевиќ.