Женската ракометна репрезентација на Македонија во првиот натпревар од квалификациите за ЕП ја совлада селекцијата на Азербејџан со 40-17. Победникот се знаеше и пред мечот, бидејќи Македонија беше голем фаворит, а со играта само ја потврдивме таа фаворитска улога. На полувреме водевме со 23:10, а до крајот дојдовме до уште подобар скор.
Селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите ракометарки, па на крајот со по 7 постигнати гола најефикасни беа Саздовска и Седлоска.
Покрај нив Јануколвска постигна 5, додека Ива Младеновска заврши со 4 гола.
Следен предизвик за Македонија ќе биде средбата против Литванија на гостински терен во Виљнус в недела од 15:00 часот.