Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат и четвртиот меч во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите. Во Париз „пелистерци“ му гостуваа на моќниот ПСЖ кој е еден и од главните тимови за место на завршниот турнир во Келн.
ПСЖ во досегашниот тек од сезоната во три меча има две победи и еден пораз.
Битолчани немаат освоено бод, а и на денешниот меч ќе бидат во улога на тотални аутсајдери. Сепак, за нашиот шампион важно е да се задржи прогресот во играта кој го покажаа на последниот домашен меч со Кил.
Во групата А, во која се наоѓа и македонскиот шампион, денес се играат уште два дуели. Загреб ќе биде домаќин на Алборг, додека ПИК Сегед ќе гостува во Норвешка кај Колстад.