Мото ГП тимот на Гресини го потврди трансферот на Марк Маркез во 2024 година. Првиот човек на тимот Надија Падовани го нарече настанот „историски момент“ и „фантастичен“ за семејството Гресини. Следната година Маркез ќе вози Дукати во тандем со својот брат Алекс Маркез.
Хонда претходно објави дека шесткратниот шампион во Мото ГП ќе го напушти тимот на крајот од сезоната 2023-та. Шпанецот за јапонскиот тим настапуваше 11 години.
„Одлуката не беше лесна бидејќи ова е голема промена во секоја смисла. Но, понекогаш во животот е важно да излезете од вашата комфорна зона и да се предизвикувате себеси да продолжите да растете. Знам дека ќе морам да го адаптирам стилот на возњее и нема да биде лесно. Но, сигурен сум дека целиот тим на Гресини ќе ми помогне многу“, изјави Марк.