Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах повика на прекин на, „масакрите“ во Газа. Тој во видео порака вели дека хуманитарната помош мора веднаш да влезе во опколената палестинска енклава. „Никогаш не е лесно да се зборува во вакво време, имаше премногу насилство и премногу потресна бруталност… Сите животи се свети и мора да се сочуваат“, рече Салах, додавајќи: „Масакрите мора да престанат. Семејствата се распарчуваат.. Јасно е дека хуманитарна помош за Газа мора веднаш да се дозволи. Луѓето таму се во ужасни услови“.
Author: saso
Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Срна е назначен за нов тренер на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк, откако Холанѓанецот Патрик ван Левен доби отказ. Срна, кој е и спортски директор на Шахтјор, даде интересна изјава за тимот. „Знаете дека не сум Гвардиола. Ќе се обидам да го пренесам она што го научив во фудбалот. Сакам лојалност, слобода и добра атмосфера. Ќе играат само оние кои сакаат, почитуваат и се подготвени да се борат. Ако некој не трча и не подава, ќе го заменам со друг“, изјави Срна.
Манчестер Јунајтед размислува да испрати понуда до Интер за дефанзивецот Федерико Димарко уште оваа зима, пренесува Calciomercato. Според изворот, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сака да ја засили одбраната на тимот пред се поради отуството на Лук Шо и Тајрел Маласија кои се надвор од терените поради долготрајни повреди. За 25-годишниот Италијанец наводно е заинтересиран и ПСЖ. Интер размислува да му понуди на Димарко нов долгорочен договор со кој ќе ја удвои платата, но конкуренцијата исто така има подготвено одлични понуди за него. Ако во канцеларијата на Интер стигне понуда од околу 50 милиони евра, Интер нема да му…
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е обвинет како дел од истрагата за сомнителни исплати на судии, објави шпанскиот суд. Самиот клуб и двајца од претходните претседатели – Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, заедно со поранешниот претседател на Судиската комисија во Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира, и неговиот син веќе се обвинети. Останува да се сочекаат деталите од обвинението за Лапорта и казната со која се соочува.
Алжирскиот репрезентативец Јусеф Атал, фудбалер на екипата на Ница, заработи суспензија откако објави видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина. По разгорувањето на конфликтот меѓу Израел и Палестина, Атал објавил видео од кое претседателот на Француската фудбалска федерација се огради бидејќи е протолкувано како повик за насилство врз Евреите. Ница се огласи и реши да го суспендира Алжирецот, иако тој ја призна грешката и брзо го отстранил видеото од својот профил на социјалните мрежи. 27-годишниот Јуцеф Атал игра во Ница од 2018 година со 115 натпревари за клубот.
Обложувачкиот скандал во Италија и натаму не престанува да ја бранува јавноста. Човекот од кој тргна лавината, фото-папарацото Фабрицио Корона, најави, па сега и официјално потврди, уште три имиња на фудбалери кои исто така се вмешани во обложување на фудбалски натпревари. Корона објави дека покрај Тонали, Фаџоли и Заниоло, проблем со обложување имале и Стефан Ел Шарави (Рома), Федерико Гати од Јувентус и фудбалерот на Лацио, Николо Касале. Засега нема конкретни информации за нивната вмешаност во скандалот, но откако се појавија и овие имиња во јавноста се очекува дополнително продлабочување на проблемот.
Зделката за продажба на англискиот премиерлигаш Евертон може да пропадне. Како што објави „Њујорк тајмс“, компанијата 777 Partners која најави дека го купи клубот од Ливерпул, не успеала да испрати ревидирани сметки до англиските власти. Весникот пишува дека ќе биде неопходно да се направи ова пред да се заврши продажбата, освен ако компанијата има прифатливо објаснување за документите што недостасуваат. Ако не, се шпекулира дека продажбата ќе пропадне. Според медиумите тоа ќе има големи последици за клубот бидејќи веќе се во големи финансиски проблеми.
Бразилецот Нејмар доживеа тешка повреда на синоќешниот меч против Уругвај во квалификациите за Светското првенство. Тој во еден дуел незгодно падна и пошто с ефати за коленото, а според неговите гестикулации, јасно беше дека станува збор за сериозна повреда. Цел во солзи, Нејмар на носилки беше изнесен од теренот, па сега почна неизвесноста околу тоа колку ќе отсуствува од терените. Според првите информации, играчот на Ал Хилал доживеал сериозна повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и менискусот, по што најверојатно го чека операција и повеќемесечна пауза.
Вториот најтрофеен македонски фудбалски клуб, Работнички, од вчера и официјално има нов сопственик. Македонска берза објави дека се продадени сите клупски акции. Купувач е турската компанија „Џевахир“, која акциите на „Херојот од Дебар Маало“ ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена, односно за нив исплати вкупно 600.000 евра. Групацијата „Џевахир“ има големи амбиции со Работнички и ќе се обиде да го врати на врвот на македонската фудбалска сцена.
Тренерот на Баерн (М), Томас Тухел доби добри вести пред продолжението на првенството. Напаѓачот Серж Гнабри и дефанзивецот Матијас де Лихт ги продолжија тренинзите со тимот. Гнабри се врати за првпат по три недели откако ја скрши раката, додека Холанѓанецот Де Лихт се опорави од проблемот со коленото. И двајцата ќе бидат подготвени за саботниот натпревар од Бундеслигата против Мајнц. Голманот Мануел Нојер, кој беше надвор од терените откако ја скрши ногата на скијање во декември, исто така целосно тренира и исто така може да се врати на голот за мечот со Мајнц.
