Пет нови спортови ќе влезат во програмата на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година. Откако беа предложени од Организацискиот комитет на Игрите во 2028 година како пакет, истите беа прифатени од Комисијата за Олимписка програма и Извршниот одбор на ИОК.
Бејзболот и софтбол, заедно со крикетот и лакросот се враќаат на Игрите, додека американскиот фудбал со знаме и сквошот ќе го имаат своето олимписко деби во ЛА.
Бејзболот и софтболот беа дел од програмата на неколку изданија на Олимписките игри, а последното беше во Токио 2020 година. Крикетот беше на програмата за Олимписките игри Париз 1900 година, лакросот беше вклучен во програмата во Сент Луис 1904 година и Лондон 1908 година.