Author: saso

Играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели е блиску до потпишување на нов договор со „бјанконерите“. Откако Николо Фаџоли е суспендиран поради неговата вмешаност во скандалот со обложување, Јуве се чини дека сака да ги продолжи договорите и со уште неколку други фудбалери. Новиот договор за Локатели ќе биде до летото 2028 година. „Бјанконерите“ сега се надеваат дека ќе го склучат договорот бидејќи на фудбалерот му е понудено и зголемување на платата. Италијанецот, кој моментално има 25 години, оваа сезона забележа десет настапи во Серија А, притоа постигна еден гол и една асистенција.

Read More

Габриел Жесус од доаѓањето во Арсенал, па се досега се здоби со неколку различни повреди. Последната го остава повторно надвор од терените, без временска рамка за негово враќање. Сега Бразилецот има повреда на мускулот. Менаџерот Микел Артета не може да каже кога се очекува тој да се врати во тимот. „Искрено не можам да му поставам временска рамка за враќањето на Габриел Жесус. Мораме да бидеме внимателни бидејќи тој со повредата треба да се однесува на вистински начин. Тој веќе притиска и сака што побрзо да се врати, но мора да биде внимателен“, изјавил Артета.

Read More

Аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез по вчерашното доделување на „Златната Топка“ која по осмипат ја доби Лео Меси, вели дека неговиот репрезентативен колега ќе добиел и повеќе вакви признанија доколку не играше во иста ера со Кристијано Роналдо. „Меси мораше да ја сподели оваа ера со Кристијано Роналдо. Во спротивно, ќе освојеше 15 Златни топки“, изјави напаѓачот на Интер.

Read More

Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ќе мора да паузира два натпревари откако доби црвен картон на последниот првенствен меч со Дармштад. Искусниот фудбалер минатиот викенд заработи исклучување и затоа е под суспензија. Интересно е што тој заработи црвен картон по само четири минути игра, додека гостите од Дармштад го завршија мечот со двајца играчи помалку. Баерн (М) по ремито 0:0 во првиот дел, во вториот му даде дури 8 гола на Дармштад на споменатиот меч . Кимих поради овој црвен картон ќе ги пропушти натпреварите со Борусија Дортмунд и Хајденхајм.

Read More
NBA

Челниците на Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс постигнале договор за трејд на едно од најпопуларните имиња на НБА сцената во последната деценија, Џејмс Харден. Веста утрово ја потврија повеќе извори во САД. 34-годишниот кошаркар инсистираше да биде разменет во друг тим и не се појави на медиумскиот ден на Филаделфија. Односот на играчот со управата на клубот е нарушен и затоа трејдот мораше да се случи. Познати се и деталите на трејдот. Сиксерси ќе ги добијат Маркус Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, неколку драфт пикови, како и размена на пикови. Со Харден во Клиперси ќе одат и…

Read More

Раководството на Мајнц одлучи да не го раскине договорот со холандскиот крилен напаѓач Анвар Ел Гази поради неговата публикација за поддршка на Палестина во конфликтот со Израел.  Според изворот, клубот одлучил да го задржи играчот во тимот откако тој јавно го објаснил својот став во врска со конфликтот меѓу Палестина и Израел и изјавил дека го осудува убиството на сите невини граѓани. Изворот исто така нагласува дека клубот решил да му даде шанса на играчот за рехабилитација, бидејќи клубот има висока култура на справување со грешките. Во исто време, Ел-Гази ќе добие само опомена од Мајнц.

Read More

Австралија одлучи да не поднесува кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2034 година, објави прес-службата на фудбалската федерација на земјата. „Ја испитавме можноста да поднесеме понуда за домаќин на Светското првенство во фудбал и, земајќи ги предвид сите фактори, решивме да не го сториме тоа “, се вели во соопштението. Саудиска Арабија претходно поднесе кандидатура е за домаќин на Светското првенство во 2034 година и сите шпекулации велат дека тие и ќе го добијат настанот. Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а во 2030 година домаќини на турнирот ќе бидат…

Read More

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринт трката која утрово се возеше како дел од Големата награда на Тајланд, 17-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. На патеката „Чанг“, Мартин ја забележа петтата последователна победа во спринт, а седмата сезонава. Втор беше Бред Биндер од КТМ Рејсинг, додека трет заврши возачот на ВР46, Лука Марини.

Read More

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј Карпати“. Во последниот натпревар во плоешти одигран утринава, нашата селекција славеше над Црна Гора со 28.20. Со овој триумф младите надежи на селекторот Танески заврпшија на третото место на овој турнир, откако претходно забележа порази од Романија и Египет. Настапот „Трофеј Карпати“ е дел од подготовките за квалификациите за Европското првенство следната година, во кои Македонија ќе се судри со селекциите на Швајцарија, Косово и Словачка.

Read More

Томас Парти оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал, особено откако тимот го доведе Деклан Рајс. Сега играчот од средниот ред можеби е на пат да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи е фрустриран од ситуацијата. Според англиски извори, тој вече размислува за заминување од Лондон во јануари. Меѓу другите, за него би требало да биде заинтересиран Јувентус кој сака да го ангажира на позајмица. Интерес ќе има и кај Њукасл, кој бара замена за суспендираниот Тонали. 30-годишниот Томас Парти има договор со Арсенал до летото 2025 година.

Read More