Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј Карпати“. Во последниот натпревар во плоешти одигран утринава, нашата селекција славеше над Црна Гора со 28.20.
Со овој триумф младите надежи на селекторот Танески заврпшија на третото место на овој турнир, откако претходно забележа порази од Романија и Египет.
Настапот „Трофеј Карпати“ е дел од подготовките за квалификациите за Европското првенство следната година, во кои Македонија ќе се судри со селекциите на Швајцарија, Косово и Словачка.