По вчерашното реми (29:29), македонската ракометна репрезентација денеска славеше минимално со 23:22 во вториот контролен меч против Грција одигран во Солун.
На полувремето Македонија имаше предност од 12:10, но Грците успеаа да се вратат и да ја анулираа негативата. Ние во финишот повторно влеговме со предност и од три гола, но Грците не се предадоа и го направија финишот на мечот многуинтересен.
раматичниот финиш ѝ припадна на нашата репрезентација за победа од 23-22.
Серафимов со пет голови беше најефикасен во нашиот состав, по три постигнаа Филип Талески и Мартин Велковски, Никола Митревски мечот го заврши со девет одбрани.