Author: saso

Еберечи Езе е блиску до потпишување на нов договор со Кристал Палас откако постигна начелен договор со клубот за новите услови. Формалностите за новиот договор допрва треба да се утврдат, но откако ќе се завршат, играчот од средниот ред ќе стави потпис на новиот договор кој ќе го задржи на „Селхрст Парк“ најмалку уште три години. Кристал Палас брза да потпише договор со Езе, за да гооттргне интересот на големата шесторка во Премиер лигата, која уште од летото го „облетува“ фудбалерот за врска. Тотенхем во моментов е најзагреан за фудбалерот на Палас, но тука се и Њукасл, Манчестер Сити и…

Read More

Карло Анчелоти стана апсолутен рекордер по бројот на остварени победи во Лигата на шампионите како тренер. Тој синоќа со победата на Реал (М) над екипата на Брага ја изброја 116-тата победа во најсилното европско клупско натпреварување. Италијанскиот стручњак постави нов рекорд по бројот на победи на натпревари во целата историја на турнирот, надминувајќи го Алекс Фергусон. Во Лигата на шампионите, покрај Реал Мадрид, Анчелоти ги предводеше и Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн и Наполи.

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели го продолжи договорот со клубот до летото 2028 година. Јувентус го купи Локатели од Сасуоло во јули 2023 година по двегодишна позајмица, во трансфер кој изнесуваше 30 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот играч од средниот ред одигра 11 натпревари, постигна еден гол и имаше една асистенција. Вкупно, Италијанецот одигра 103 натпревари за торинскиот клуб.

Read More

По новиот пораз кој Манчестер Ј. го претрпе синоќа во Лигата на шампионите, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг изјави дека е незадоволен од арбитражата на натпреварот во Копенхаген. „Два гола што ги примивме вечерва не требаше да бидат признати. Тоа е разочарувачки, и тоа не само денес. На многу натпревари беа донесени многу одлуки против нас. Тоа е тоа“. За комплетниот настап на неговиот тим, Тен Хаг имаше многу пофални зборови. „Мислам дека на почетокот игравме многу , се додека не го добивме црвениот картон. Црвениот картон промени се. Видов многу позитивни работи, но на крајот малку ја…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по вчерашната победа на гостувањето кај Салцбург од 1:0 и пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, изјави дека е горд на своите фудбалери. „Горди сме што се квалификувавме во следната фаза уште на два меча до крајот на групната фаза. Ова не се случило од сезоната 2004/05. Стигнавме до плеј-офот трета сезона по ред и тоа е сосема заслужено. Сепак, сега знаеме дека за да го освоиме првото место ни остануваат уште два натпревари. Секој натпревар од Лигата на шампионите е тежок. Денеска имаше моменти кога требаше да се браниме, но тоа го направивме…

Read More

Тетекс и Пелистер во недела, на 12 ноември ќе играат во рамките на Втората македонска лига. На овој натпревар навивачката група на Тетекс, популарните „Војводи“ ќе прослават 35 години од постоењето. „ Должност на секој член и симпатизер на Тетекс е да се појави на стадион и да застане рамо до рамо заедно со нас и да ја одбележиме прославата како што е испланирано. Низ многу успеси и падови во овие 35 години од постоењето на нашата група и притисоци од сите страни успеавме да останеме на нозе! Добрите резултати на фудбалерите нека бидат уште еден дополнителен мотив да бидеш…

Read More

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг нема да биде во составот за натпреварот против АЕК Атина утре во Лига Европа, објави францускиот клуб. Тој има повреда на препоните и не замина со тимот во грчката престолнина. Така, тимот од Марсеј ќе остане без услугите на својот најдобар стрелец во Европа, кој има 4 гола од почетокот на сезоната. Се уште не е јасно колку долго 34-годишниот репрезентативец на Габон ќе биде надвор од терените, бидејќи ќе му бидат извршени нови прегледи за да се процени тежината на повредата.

Read More
NBA

Голден Стејт Вориорс ќе бидат домаќини на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2025 година, што значи дека 74-тата средба на најдобрите светски кошаркари ќе се одржи во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, соопшти НБА. Ова ќе биде третпат „Воините“ да бидат домаќини на „Ол стар“ викендот, откако првпат беа домаќини на „Ол стар“ викендот во 1967 година кога сè уште се нарекуваа Сан Франциско Вориорс, а натпреварот се играше во „Дејли Сити“, додека вторпат беа домаќини во 2000 година, кога играа во Оукленд.

Read More

Реал Мадрид и Камавинга денеска ја потврдија најавената долгогодишна соработка. Како што објави клубот, Реал се договори со Французинот за продолжување на договорот до 30 јуни 2029 година. Со само 20 години, Камавинга веќе одигра 114 натпревари во дресот на Реал Мадрид, а беше и номиниран за „Златното момче“ во 2021 и 2022 година, како и за трофејот Копа во 2022 и 2023 година.

Read More

Нуно Еспирито Санто е многу блиску до отказ од Ал Итихад по инцидентот што го имаше со Карим Бензема. Поранешниот тренер на Порто и Вулверхемптон минатата година го презеде Ал Итихад само седум месеци откако беше отпуштен од Тотенхем. Веднаш му ја донесе титулата на својот нов клуб, прва по 2009 година и почна да доведува големи засилувања. Така во клубот пристигнаа Н’Голо Канте, Карим Бензема и Жота, но почетокот на сезоната не беше баш најдобар за нив. Ал Итихад оствари само две победи од првите девет натпревари, а клупата на Еспирито Санто почна да се „тресе“. Последната вест за…

Read More