Author: saso

NBA

Крилото на Милвоки Бакс, Џае Краудер нема да може да им помогне на соиграчите на тимот подолг период, затоа што ќе мора да оди на операција. Тој во саботата се повреди на натпреварот против Орландо и по деталните прегледи констатирана е двојна повреда. Милвоки објави дека се очекува Краудер да отсуствува од терените најмалку два месеци. Во текот на денот Краудер ќе биде подложен на хируршка интервенција која ќе биде извршена во Филаделфија.

Read More

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски поради повреда го заврши настапот на Челинџер турнирот во јапонскиот град Кобе. Откако одигра два одлични натпревари во квалификациите и се пласираше во главниот ждреб, таму при негатива од 1-6 и 0-4 против Кинезот, Јан Баи тој мораше да го предаде мечот. Нашиот тенисер имаше успешна 2023 година, а по малиот одмор веќе ќе почне со подготовки за новата сезона.

Read More

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон нема да биде со репрезентацијата на Бразил за ноемвриските натпревари од квалификациите за СП 2026. Според информации од клубот, голманот на Сити заработил повреда на левата нога на натпреварот со Челзи (4:4) во Премиер лигата. Засега нема информации за сериозноста на повредата и колку Едерсон би требало да отсуствува од терените. Едерсон оваа сезона одигра 11 натпревари во англиското првенство, а беше повикан и во репрезентацијата за престојните важни квалификациски дуели со Колумбија на 17 ноември и со Аргентина на 21 ноември.

Read More

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на најновата ВТА ранг листа и сега со 421 поен се наоѓа на 178. место. Тоа за Лина значи напредок од 11 позиции. Ѓорческа претходната недела ја заврши со настап во полуфиналето на фјучрсот во Ираклион каде освои 25 поени. Лина во конкуренција на двојки има пад за едно место односно се наоѓа на 327. место со 256 поени. По една недела пауза Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Валенсија што стартува на 20 ноември.

Read More

Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, утре се враќа на европската сцена со нов меч од ЕХФ Европската лига. Алкалоид по две кола во својата дебитанска сезона во Европската лига оствари едно реми и еден пораз, а веќе утре на домашен терен ќе се сретне со еден од најголемите фаворити, дански Силкеборг. „Самото име на противникот и државата од која што доаѓа кажува за квалитетот. Данска екипа која изборува пласман во Европа, знаеме дека нивната лига е меѓу трите најдобри во Европа. Инвестициите кои ги направија во последните неколкуте години е Лауге, кој беше член на Веспрем и нивни капитен. Ќе имаме…

Read More

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира на главниот турнир на Челинџер75 во Кобе, Јапонија што се игра за награден фонд од 80.000 долари. Тој во финалниот меч од квалификациите го победи домашниот тенисер Џејмс Тротер со 2-1 во сетови (57 76(5) 64). Мечот траеше 2 часа и 41 минута, а двајцата тенисери имаа по еден брејк: Тротер во првиот сет, а Ивановски во третиот сет, па така клучен за победата беше вториот сет што македонскиот тенисер го доби во тај брејкот.

Read More

Најдобриот фудбалер на Атлетико (М), Антоан Гризман е подготвен да го продолжи договорот со мадридскиот клуб. Откако стана јасно дека Диего Симеоне ќе остане на клупата на Атлетико со нов договор кој го потпиша минатата недела, сега и Французинот се подготвува да стави потпис на продолжена соработка со „јорганџиите“. Минатата недела, тренерот на Атлетико (М) потпиша нов договор со клубот до 2027 година. „Тој е многу добар тренер, идеален за клубот. Мигел Анхел Гилдобро го знае ова. Сега е мој ред“, изјави напаѓачот на Атлетико, потврдувајќи ги гласините дека преговара за нова соработка со клубот.

Read More

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Данецот Холгер Руне со 2:1 (7:6, 6:7, 6:3) во првиот меч во Зелената група на Завршниот турнир од сезоната во Торино. Руне и Ѓоковиќ повторно одиграа одличен натпревар. Во првиот и вториот сет одлучуваа нијанси, додека во третиот Ѓоковиќ покажа поголема физичка и психичка издржливост. Најдобриот светски тенисер ја забележа 15-та победа во низа на отворањето на Завршниот турнир. Пред почетокот на турнирот во Торино, на Ѓоковиќ му требаше само една победа за да го обезбеди првото место на крајот од сезоната. Мечот меѓу двајца тенисери траеше три часа и шест минути. Со…

Read More

Сојузот на спортови на Скопје денеска на церемонијата која се одржа во СЦ „Јане Сандански“ ги додели наградите „13 Ноември“ на најуспешните спортисти во градот за тековната година. Наградата „13 Ноември“ за спортист на Скопје му припадна на Бобан Илијоски, нашиот кик-боксер кој стана европски шампион. Со награди „13 Ноември“ се закитија и Ива Пројковска, нашата интернационална фудбалска судијка, Игор Паскоски, тренер на џудо клубот Миоки Клуб Скопје, Зоран Карановиќ, генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Јана Серафимовска, спортски новинар, Јетон Муслиу, професор во Основно училиште, СУГС Никола Карев за прво место на Европско Првенство во кошарка – машки,…

Read More

Хулен Лопетеги добил понуда да го преземе саудискиот клуб Ал-Итихад за кој настапува Карим Бензема. Клубот е подготвен да потпише договор со тренерот до јуни 2025 година, само неколку дена откако му беше врачен отказ на Нуно Еспирито Санто. По 12 натпревари во новата сезона, Ал Итихад е на 6. место во првенството на Саудиска Арабија. Последната работа на Лопетеги беше на клупата на Вулверхемптон, кој го отпушти на почетокот на август.

Read More