Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, утре се враќа на европската сцена со нов меч од ЕХФ Европската лига. Алкалоид по две кола во својата дебитанска сезона во Европската лига оствари едно реми и еден пораз, а веќе утре на домашен терен ќе се сретне со еден од најголемите фаворити, дански Силкеборг.
„Самото име на противникот и државата од која што доаѓа кажува за квалитетот. Данска екипа која изборува пласман во Европа, знаеме дека нивната лига е меѓу трите најдобри во Европа. Инвестициите кои ги направија во последните неколкуте години е Лауге, кој беше член на Веспрем и нивни капитен. Ќе имаме сериозен противник, мора да бидеме на високо ниво за да бидеме конкутентни со млад и неискусна екипа во европски рамки. Како поминува времето, таа почетна трема ја надминуваме, веќе на вториот натпревар против Ла Риоха демонстриравме поквалитетен натпревар, бевме во мал грч. Се надевам дека утре ќе играме опуштено, квалитетно. Денеска останува да ги завршиме сите подготовки“, вели Лазаров.
Ракометарот Иван Џонов на прес-конференцијата пред мечот, зборуваше за очекувањата од дуелот со скандинавците и ја повика публиката во што поголем број да дојде на утрешниот меч.
„Силкеборг е тим од млади играчи, потполнета со неколку ѕвезди. Типично скандинавска екипа која игра брз и дниманичен ракомет, а акцент става на брза транзиција. Тоа за нас ќе биде наголем предизвик. Тактички сме подготовени, доколку го испочитуваме она што ни е зададено ќе дојдеме до позитивен резултат. Ја повикувам публиката да дојде да не поддржиме“, вели Џонов.
Мечот се игра утре во 18:45 часот во СЦ Јане Сандански, билети се уште се во продажба.