Германскиот бундеслигаш Вецлар денеска и официјално потврди дека го раскинува договорот со Филип Кузмановски. „Зелено-белите“ и нашиот репрезентативец предвреме го раскинаа договорот, кој беше со важност до крајот на сезоната.
Кузмановски на почетокот на оваа година се пресели од ТСВ Хановер-Бургдорф во Вецлар, а потоа беше надвор од терените неколку недели поради повреда на стапалото што ја заработи со националниот тим. Вкупно, 27-годишниот играч одигра 27 натпревари за Вецлар и постигна 25 гола.
„Договорот беше раскинат со заеднички договор“, објаснува генералниот директор на HSG Бјорн Сеип.