Нашиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски одигра одличен натпревар против Грција. Постигна осум гола покажувајќи голема борбеност на теренот.
„Овој натпревар не беше ниту малку наивен. Грчката репрезентација е доста потценета. Секако дека имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство. Како што кажав веќе, би било неблагодарно превреме да прогнозираме. Сепак, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази. Сметам дека ќе имаме добар настап“, изјави Лазаревски.

