Author: saso

Францускиот стручњак Зинедин Зидан може да стане изненадувачки наследник на Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул. Раководството на Ливерпул е заинтересирано да го назначи Зидан за главен тренер следната сезона, откако Германецот најави заминување. Претставници на Ливерпул веќе стапиле во контакт со екс-тренерот на Реал Мадрид за да дознаат дали е подготвен да работи во Премиер лигата. Зидан е без работа од 2021 година кога замина од клупата на Реал, а деновиве се зборуваше дека тој има намера да се обиде да ја добие селекторската работа на клупата на француската репрезентација.

Read More

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да го продолжи договорот со 34-годишниот играч за врска Тони Крос на уште една сезона. Реал е подготвен да му понуди продолжување на договорот до 2025 година, но клубот не е уверен дека ќе успее да го убеди и самиот играч на само едногодишна соработка, бидејќи Крос напомена дека доколку не добие двегодишен договор најверојатно ќе оди во пензија. Оваа сезона Тони Крос учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања за клубот на кои постигна 1 гол и имаше 7 асистенции.

Read More

Лацио започна преговори со италијанскиот голман Иван Проведел за продолжување на договорот. Римскиот клуб сака да го продолжи договорот со 29-годишниот голман до 2028 година со што ќе го амортизира интересот кој за него го има од Манчестер Јунајтед. Претходно, голманот беше прогласен за најдобар фудбалер на Лацио за 2023 година. Во септември 2022 година, тој беше повикан и во репрезентацијата на Италија, но досега не одигра ниту еден натпревар. Проведел оваа сезона одигра 29 натпревари за Лацио на кои прими 30 гола.

Read More

Без пораз од првиот до последниот меч на првенството, ракометната репрезентација на Франција стана нов европски шампион. По 70 минутна битка во Келн, Франција по продолженија ја совлада данска со 33:31 и и се одмазди за минатогодишниот пораз во финалето на Светското првенство. Во меч во кој двете селекции одиграа перфектно, скоро и да немаше период во кој некоја селекција се одвои со повеќе од 2-3 гола разлика. Во завршницата на регуларниот дел Данска имаше гол предност, но Франција израмни за 27:27 и повторно мечот отиде на продолженија. По првите пет минути двете селекции одиграа моќно и не дозволија предност…

Read More

Ракометарите на Шведска ќе се вратат дома со својот втор последователен медал на европските првенства. Во малото финале денеска во „Ланксес Арената“, европскиот првак од пред две години славеше против домаќинот Германија со 34:31. Покрај бронзениот медал, Швеѓаните со оваа победа си обезбедија директен билет за учество на Летните олимписки игри во Париз, додека Германија повторно остана без медал од континенталните првенства, по златото кое го освои во 2016 година. Клар со 8 и Карлсон со 7 гола беа незадржливи во составот на Шведска денеска, додека кај Германија 8 гола постигна Ускинс. Секако, голема работа за победата на скандинавците заврши…

Read More

Јаник Синер е новиот шампион на Австралија опен. Младиот италијански тенисер стигна до дебито на Грен слем турнирите, победувајќи го третиот играч во светот Данил Медведев со 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3. По големата победа над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, Синер успеа да победи уште еден Грен слем шампион и да го оствари својот голем сон. Италијанецот стана најмладиот шампион во Мелбурн по Новак Ѓоковиќ во 2008 година.

Read More

Поради високите температури и неповолните услови за натпреварување, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) ги откажа машките спуст трки што требаше да се одржат на 2 и 3 февруари во Шамони. Како што објаснуваат од ФИС, настапот на овие трки би бил премногу опасен и додаваат дека бараат потенцијално алтернативно место за истиот датум, но засега нема решение. На распоредот останува слаломот кој ќе се вози на 5 февруари.

Read More

Стефано Пиоли беше многу разочаран од пропуштената победа против Болоња синоќа. Тренерот на Милан на прес-конференцијата потенцираше дека „росонерите“ мораше да ја задржат предноста од 2:1 и да не дозволат Болоња да добие пенал. „Останува големо жалење што не го добивме натпреварот“, рече Пиоли. „Вистина е дека имаше два промашени пенали, имавме многу шанси и дозволивме Болоња да постигне два гола. Не смееме да дозволиме концентрација и интензитетот во одбраната да падне на толку ниско ниво. Штета е затоа што се боревме напорно“, вели Пиоли.

Read More

Баерн Минхен официјално го претстави новото засилување во името на десниот бек Саша Бои. Тој во Минхен доаѓа од тимот на Галатасарај во трансфер вреден 30 милиони евра. Дополнителни 5 милиони ќе бидат во вид на бонуси. Покрај сето ова, Галатасарај договори и две пријателски средби со Баерн Минхен на турско тло. Бои потпиша 4,5-годишен договор со Баварците до јуни 2028 година.

Read More

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да најде работа во француската репрезентација. 51-годишниот стратег е подготвен да почека додека селекторското место, кое моментално го држи Дидие Дешамп, не биде испразнето. На 26 јануари беше објавено дека Зидан ја одбил понудата од Алжирската фудбалска федерација да стане нивен селектор. Последната работа на францускиот тренер беше Реал Мадрид, кој го напушти летото 2021 година.

Read More