Поради високите температури и неповолните услови за натпреварување, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) ги откажа машките спуст трки што требаше да се одржат на 2 и 3 февруари во Шамони.
Како што објаснуваат од ФИС, настапот на овие трки би бил премногу опасен и додаваат дека бараат потенцијално алтернативно место за истиот датум, но засега нема решение.
На распоредот останува слаломот кој ќе се вози на 5 февруари.