Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ одигра неверојатен меч синоќа и постигна личен рекорд во кариерата. Тој со 73 поени го поведе тимот на Далас Маверикс до победа кај Атланта Хоукс од 143-148.
Словенецот стана само четврти играч кој постигнал барем 73 поени и тоа баш на четиригодишнината од смртта на Коби Брајант, кому Дончиќ му го посвети овој перформанс.
Неверојатна ноќ имаше и Девон Букер кој постигна 62 поени, ама неговиот Феникс Санс минимално беше поразен од Индијана Пејсерс 133-131.