РК Вардар денеска и официјално објави дека се засилува со српскиот интернационалец, Немања Гојковиќ.
Тој доаѓа во Скопје и ќе се задржи во главниот град најмалку до крајот на оваа сезона. Игра на позицијата среден бек, а во Вардар пристигнува од Израел, каде последните три години настапуваше за тимот на Бнеи Херзлија.
Гојковиќ претходно настапуваше за неколку тимови од Србија и Германија, а играше и во СЕХА лигата со Металопластика.