Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ЕХФ ја одби жалбата на Шведска, исправна одлука на Наколов и Начевски
    Ракомет

    ЕХФ ја одби жалбата на Шведска, исправна одлука на Наколов и Начевски

    sasoBy saso27/01/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европската ракометна федерација ЕХФ ја одби жалбата на Шведска поради голот на Пранди во последните секунди на дуелот со Франција во Келн.

    Со тој гол Французите го изедначија резулатот и го однесоа мечот во продлженија, а таму триумфираа и се пласираа во финалето. По мечот Швеѓаните испратија жалба до ЕХФ поради тоа што судиската двојка од Македонија, Начевски-Николов не употребила видео технологија за да го провери последниот напад на Французите.

    Дисциплинската комисија оценила дека судиите одлучиле правилно и немале обврска да бараат помош од ВАР.

    „Тоа се користи само кога судиите имаат сериозни сомневања за донесување на правилна одлука или кога не можат правилно да ја согледаат ситуацијата. Тоа е одлука на судиите или на делегатот да користат видео технологија за помош.

    Одлуката да не се користи ВР потпаѓа под опсегот на правните регулативи на EHF, како и на EHF EURO регулативите. Конечната одлука не е предмет на никаков протест и тој се отфрла“, соопштија од ЕХФ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.