По пласманот на ракометарките на Ѓорче Петров во четвртфиналето на Европскиот куп во ракомет, денеска наш гостин беше тренерот на шампионот, Симе Симовски. За следниот ривал, Елче и за досегашниот успех, Симовски изјави:
„Елче не ни беше посакуван противник, но не е на одмет да се пробаме и со посилни од нас. Искрено, не знаеме колку вистински се нашите можности, но ќе се обидеме да продолжиме со добри резултати и настапи. Успесите кои ги направивме досега во Европскиот куп се резултат на една дисциплинирана тригодишна работа и затоа сум пресреќен за победата во овој последен двомеч со чешкиот ривал. Наша цел беше да одиме еден чекор плус. Оваа година го направивме тоа и затоа сум и задоволен и среќен“.
Комплетниот разговор со Симовски за Спортското радио 90.3 фм можете да го проследите на следниот ЛИНК

