Author: saso

Екипата на Брегалница од Штип е на една победа од Првата лига, затоа што на гостински терен славеше над ГФК Осогово со 3-0 и пред својата публика ќе игра за првата позиција и шампионскиот пехар. Штипските „сини“ останаа на врвот, а зад нив е Скопје. Во последното коло, Брегалница игра дома со веќе испадната Победа. Скопје е на позицијата која води во бараж исто така со 65 бода, откако убедливо со 7-1 го победи Големо Коњари како гостин. Шкендија Арачиново е на третата позиција која исто така води во баражот, откако го доби Новаци пред својата публика со 5-1.

Read More

По освоената титула во домашното ракометно првенство, Иван Чупиќ ќе го продолжи договорот со Вардар на уште една година. Како што потврди првиот човек на шампионот, Михајло Михајловски, во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм, со Чупиќ е договорено продолжување на соработната на уште една сезона. „Имав состанок со Чупиќ и разговаравме за ново продолжување на договорот. Тој дојде во Вардар со двегодишен договор, а сега ќе ја продолжиме соработката за уште една година“, потврди во интервјуто Михајловски. Иван Чупиќ во првата година по враќањето во дресот на Вардар ја освои двојната круна на домашната сцена и го однесе Вардар…

Read More

Барселона синоќа не успеа да постигне гол во Ла Лига за првпат по година и пол. Екипата на Ханси Флик загуби со 1-0 од Алавес во 36-то коло, не успевајќи да упати ниту еден удар кон голот. Последен пат кога Каталонците го напуштија теренот без гол беше на 15 декември 2024 година, кога не успеаја да ја погодат мрежата против Леганес. Оттогаш, Барселона има серија од 55 натпревари со најмалку по еден постигнат гол, што е втора најдолга во историјата на Ла Лига. Рекордот е 64 натпревари и исто така го држи Барса.

Read More

Доколку Жозе Мурињо го раскине договорот со Бенфика и се врати на клупата на Реал (М), португалскиот тим ќе добие исплата на отштета од 7 милиони евра. Според весникот „Рекорд“, лисабонските орли ќе ја добијат оваа сума доколку тренерот одлучи да го раскине договорот во рок од десет дена од последниот натпревар од сезоната. Претседателот на Бенфика, Руи Коста, наводно разговара за продолжување на договорот со 63-годишниот стратег. Мурињо ќе донесе конечна одлука за неговата иднина дури по завршувањето на оваа сезона.

Read More

Maшката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 ч.) и гостува на Словачка во првата од двете битки против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година. Словаците во вториот бараж ја елиминираа Украина и покажаа дека не смеат да бидат потценети, но Македонија ја има фаворитската улога во овој двомеч. За разлика од Македонија, која ќе брка осмо СП по ред, или вкупно десетто, Словачка нема играно на Мундијал цели 16 години. Пред денешниот дуел, искусниот голман Никола Митревски истакна: „Голема непознаница за нас, никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде исто така…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска заминува за Прешов, Словачка каде утревечер ќе го одигра првиот натпревар од свомечот со селекцијата на Словачка за пласман на СП во Германија 2027 година. Селекторот Кирил Лазаров со своите 20 избраници ќе се обиде да оствари поволен резултат на гостувањето во Препов за да си ја олеснат задачата на реваншот кој треба да го играат в недела во Скопје. Утре натпреварот се игра во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот, а реваншот е на 17 мај недела исто така од 19 часот во СЦ Борис Трајковски.

Read More

Џо Гомез речиси и го напушти Ливерпул минатото лето, но Марк Гуехи не успеа да го затвори трансферот, па наместо тоа, Гомез остана уште една сезона, но сега влегува во последната година од договорот. „Црвените“ веројатно ќе прифатат понуди за нивниот играч со најдолг стаж, но, секоја продажба би значела доведување адекватна замена, особено со оглед на неизвесноста околу состојбата на Џовани Леони по повредата. Се чини дека Ливерпул има кандидат за заменик на Гомез во името на Самсон Баиду. 22-годишниот дефанзивец имаше фантастична дебитантска сезона со Ленс во Лига 1, и сега има голем интерес за него. Јувентус се…

Read More

Челзи, засега, нема фаворит за позицијата главен тренер на тимот следната сезона. Според ESPN, лондонскиот клуб размислува за назначување на Чаби Алонсо или Андони Ираола, но во моментов нема фаворит за таа позиција. Се забележува дека „сините“ се подготвени да назначат поискусен стратег од Енцо Мареска и Лиам Розениор, кои го предводеа тимот оваа сезона, но сè уште истражуваат различни опции. Челзи е деветти на табелата во Премиер лигата со 49 бода по 36 натпревари, а во моментов Калум Мекфарлан ја има улогата на в.д. главен тренер.

Read More

Натпреварите во брзо лизгање на Зимските олимписки игри 2030 најверојатно ќе се одржуваат во холандската национална арена во Тиалф, бидејќи земјата домаќин, Франција, нема соодветен стадион. Марк ван ден Твил, генерален директор на Холандскиот олимписки комитет NOC*NSF, изјави дека разговорите со организаторите на Игрите во Француските Алпи одат добро. Единствениот друг потенцијален кандидат, Торино, местото на одржување на Зимските олимписки игри во 2006 година, се откажа од идејата, оставајќи ѝ го патот на Холандија да ги организира своите први олимписки настани од 1928 година во фризискиот град Херенвен. „Би рекол да не се радувате прерано, но добивме добри извештаи од…

Read More

Милан размислува да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за време на претстојниот преоден рок, објави „Кориере дело Спорт“. Според изворот, клубот од Милано би можел да достави понуда за 26-годишниот напаѓач доколку главниот тренер Масимилијано Алегри остане на чело. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува ова лето и сè уште не е сигурно дека преговорите за продолжување ќе бидат успешни. Среде неизвесноста околу иднината на српскиот напаѓач, Милан внимателно ја следи ситуацијата и ја проценува можноста за трансфер. Баерн Минхен, Вест Хем Јунајтед и Манчестер Јунајтед се исто така заинтересирани за Влаховиќ. Напаѓачот постигна пет гола и имаше…

Read More