Рома е блиску до можноста да го загуби Пауло Дибала како слободен играч во лето, а самиот играч потврди дека за неколку дена би можел да го одигра последното римско дерби во својата кариера. Но, се чини дека прашањето е далеку од решено. „Газета дело Спорт“ објави дека агентот на Дибала е во Рим и сè уште се надева на некаков трансфер. Аргентинецот изрази желба да прифати големо намалување на платата за да остане кај „волчицата“ и едноставно чека сигнали од Рома за истото. Затоа постои можност за обновување на договорот со ниска плата и бонуси врз основа на остварените…
Author: saso
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој ја загуби титулата од својот најголем ривал Вардар во следната сезона ќе биде предводен од нов тренер. Според пишувањето на неколку медиоуми во Македонија добро познато име за македонската, но и светската јавност ќе седне на жешката тренерска клупа во Битола. Од информациите кои веќе се пласирани Лино Червар и битолскиот тим се договориле за соработка, а искусниот стратег се враќа на терените како тренер по пауза од неколку години. Последен пат како тренер беше на клупата на ППД Загреб во сезоната 2018/2019. Од управата на Еурофарм Пелистер сметаат дека им е потребно искусно име…
Фудбалерот на Арсенал Бен Вајт ќе ги пропушти натпреварите за својата екипа до крајот на сезоната, вклучувајќи го и финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Дефанзивецот беше заменет за време на натпреварот против Вест Хем пред два дена. Неговата повреда е на десното колено, а „Атлетик“ објави дека е се сомневаат во оштетување на медијалниот колатерален лигамент. Доколку се потврди, тој би можел да биде исклучен и од составот на Томас Тухел за Светското првенство 2026. Проблемот е сериозен за Микел Артета, бидејќи Тимбер исто така сè уште не се опоравил целосно иако се најавува неговото враќање.…
ПСЖ е во преговори со Атлетико Мадрид за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварез. Францускиот клуб би можел да плати над 150 милиони евра за 26-годишниот напаѓач, објави „Ел Чирингито“ на својата страница на социјалните мрежи X. Алварез е во Атлетико Мадрид од летото 2024 година. Оваа сезона, напаѓачот настапи на 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и имаше девет асистенции. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2030 година. Според информациите на порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност е 90 милиони евра.
Главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ќе го продолжи договорот со клубот. Двете страни веќе целосно се согласија за продолжувањето. Новиот договор ќе важи до летото 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Самиот Флик веќе ја објави својата одлука за својата иднина и потврди дека ќе го продолжи договорот со Барселона. „Ќе потпишам нов договор со Барселона“, напиша новинарот Флоријан Плетенберг кој го цитираше Флик, на социјалните мрежи. Тековниот договор на тренерот е со важност до летото 2027 година. Официјално соопштение во врска со продолжувањето се очекува деновиве. Барселона ја обезбеди титулата во Ла Лига предвреме откако е…
Утре, во Скопје, женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир со новиот селектор Милош Гавриловиќ во пресрет на настапот во Европската лига 2026, која од оваа година ја превзема улогата и на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028 година. Прозивката е закажана на пладне во хотелот „Континентал“ во Скопје, а на истата ќе се појават сите одбојкарки кои се најдоа на поширокиот список. Селекторот Гавриловиќ испрати дополнителна покана до примачот на Наковски Волеј, Ивана Милева, која одигра одлично во финалната серија од првенството, да и се приклучи на репрезентацијата во подготовките. Покрај собирот и…
Европската ракометна федерација денеска и официјално ги потврди термините за финалните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп. Првото финале меѓу нашиот финалист Охрид и екипата на Татабања ќе биде на 24 мај. Мечот е закажан во спортската сала во Татабања со почеток од 17 часот. Реваншот во Охрид ќе се одигра на 31 мај, недела, во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 20 часот.
Српскиот ракометен репрезентативец Никола Зечевиќ потпиша со ГРК Охрид и од следната сезона ќе го носи дресот на охриѓани. Тој е остане во Охрид најмалку до 2028. Станува збор за лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр. 31 од следната сезона. Зечевиќ доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи. “Многу сум среќен и со нетрпение…
Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски изминатиот викенд оствари извонреден резултат освојувајќи го третото место на FIM European STK1000 CUP, уште еднаш потврдувајќи го својот талент, посветеност и шампионски дух. „Викендов стартуваа првите трки од FIM EUROPEAN STK 1000 CUP на стазата Гробник во Хрватска. Имавме добри квалификации и бевме блиску со сите возачи во нашата класа! Успеавме на двете долги трки и на спринтот да завршиме на третата позиција, иако имавме шанса за повисоко место на подиумот, но тоа се трките. Сезоната е долга, знаеме каде треба да напредуваме во однос на другите возачи од нашата класа и ќе дадеме се…
Македонскиот репрезентативец, Даниел Мусовски со својот прв сезонски гол го спаси Сиетл Саундерс од пораз во пресметката со Сан Диего во МЛС лигата. Мусовски доби шанса во второто полувреме кога домаќините бркаа негатива од 1-0, а неговото влегување се покажа како вистински потег затоа што во 80 се најде на вистинското место и стрелаше за конечни 1-1. Дени и компанија со 21 бод се на четвртото место во западната конференција.
