Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој ја загуби титулата од својот најголем ривал Вардар во следната сезона ќе биде предводен од нов тренер. Според пишувањето на неколку медиоуми во Македонија добро познато име за македонската, но и светската јавност ќе седне на жешката тренерска клупа во Битола.
Од информациите кои веќе се пласирани Лино Червар и битолскиот тим се договориле за соработка, а искусниот стратег се враќа на терените како тренер по пауза од неколку години. Последен пат како тренер беше на клупата на ППД Загреб во сезоната 2018/2019.
Од управата на Еурофарм Пелистер сметаат дека им е потребно искусно име за тренерската позиција која со години е нестабилна и постојано е променлива, а во Лино Червар гледаат човек кој може да ја го врати клубот во вистинска насока по лошата сезона која ја имаа. Лино Червар во Македонија беше тренер на Металург каде заврши во 2017 година, откако претходно дојде во Автокоманда во 2009 година. Тој беше и селектор на македонската ракометна репрезентација во периодот од 2016 до 2017 година.
Оваа сезона Еурофарм Пелистер ја започна со еден , а ја заврши со трет тренер. Очекуваме во наредните денови оваа информација да биде официјализирана од страна на клубот од Битола.

