Рекорден број луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, објави Би-Би-Си. Над 1,3 милиони лица се пријавиле за учество на настанот што ќе се одржи на 25 април следната година, со што е срушен минатогодишниот рекорд од 1.1 милион апликации. Маратонот во 2026 година имаше рекордни 59.830 учесници и беше најголемиот годишен еднодневен настан во светот. „Овој неверојатен број на пријавени цврсто го етаблира Лондон како најбараниот маратон во светот“, рече Хју Брашер, извршен директор на „Лондон Маратон Ивентс“. Од сите пријавени, само околу 60.000 луѓе ќе добијат шанса да трчаат низ улиците на британската престолнина,…
Author: saso
По поразот на синоќешниот натпревар со Оклахома во втората рунда од плеј-офот, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс не штедеше зборови кога беше прашан за офанзивните проблеми на Лејкерси. Четирикратниот МВП призна дека на неговиот тим му е тешко да ја пополни празнината што ја остави повредениот бек Лука Дончиќ, кој имаше просек од 33,5 поени и 8,3 асистенции пред да се повреди со истегнување на тетивата од втор степен. „Имавме човек кој во просек постигнуваше 37 поени по натпревар, кој сега не е со нас. Проблемите се токму таму“, изјави Џејмс. Иако Дончиќ наводно сè уште не започнал со…
Елмин Растодер со Тун и официјално стана шампион на Швајцарија. По денешниот пораз на Сент Гален од Сион дома со 0:3, Тун испиша историја, за првпат во својата историја освојувајќи ја шампионската титула. Растодер имаше фантастична сезона во која досега веќе запиша 13 голови и шест асистенции, со што е убедливо најдобриот стрелец во тимот на новиот шампион. На три кола до крајот Растодер и Тун имаат 74 бода пред вториот Сент Гален кој има 11 бодови помалку.
Левски на нашиот репрезентативец Никола Серафимов е шампион на Бугарија по 27-ми пат во својата историја. Потребни беа точно 17 години за „сините“ повторно да ја освојат шампионската круна. Триумфот дојде по минималната, но заслужена победа од 1:0 над второпласираната ЦСКА 1948 пред преполните трибини од над 18.000 гледачи на стадионот „Георги Аспарухов“. Така, тимот на Серафимов веќе има 76 бода и на четири кола пред крајот на првенството е недостижен на првото место. Тие сезонава дојдоа по 24 победи, 4 нерешени и само 4 порази, постигнувајќи рекордни 68 гола.
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, по ремито 3-3 против Хајденхајм зборуваше за она што баварците ги очекува следната недела, односно реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите. „Секогаш мора да ги почитуваме нашите противници. Борбата за опстанок понекогаш им дава многу сила на тимовите. Првото полувреме помина добро за Хајденхајм, но не и за нас. Разбирам дека работите не можат секогаш да бидат совршени, но начинот на кој успеавме да се вратиме одново и одново не е нешто што треба да се земе здраво за готово. Сега кога натпреварот заврши, сите се вратија во нормала. Тоа е она што…
Манчестер Јунајтед се појави како неочекуван кандидат за потписот на Дониел Мален, напаѓач чие искуство во Премиер лигата со Астон Вила беше доста тешко. Откако не успеа да обезбеди стабилно место во јадрото на тимот на Унаи Емери до јануари, Холанѓанецот радикално ја промени ситуацијата откако се пресели на позајмица во италијанската Рома. Сега 27-годишниот напаѓач демонстрира феноменални перформанси: тој веќе има 11 гола на само 14 натпревари во Италија. Според „Кориере дело Спорт“, напредокот на Мален внимателно го следат три гиганти од Премиер лигата: Манчестер Јунајтед, Челзи и Њукасл. И покрај големиот интерес од Англија, Рома има прва опција…
Ракометарите на Охрид се пласираа во историско финале на ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во вистинска спортска драма, на пенали, го елиминираа словенечки Целје. Откако во регуларниот дел Охрид се избори за минимална победа од 25:24, следуваше пенал-рулетот, каде домашните славеа со 4:3 и успеаја да дојдат до големото финале. Во финалето претходно место обезбеди Филип Талески и неговиот Татабања, што значи дек Охрид пред себе сега ќе има голема унгарска пречка до европскиот пехар. Во преполната сала “Билјанини извори” се одигра неизвесен натпревар, беше вистинска драма решена по изведување на пенали. На крајот со 9 постигнати гола Јасихура беше…
Фудбалерите на Вардар изборија победа над Башкими од 2-0 и сега имаат отворен пат до титулата во Првата македонска лига. Вчера Шкендија освои само бод на гостувањето кај Силекс во Кратово и избраниците на Седлоски беа свесни дека со славје над Башкими ќе направат огромен исчекор кон остварување на целта, враќање на пехарот во Скопје. „Црвено-црните“ рутински го одработија овој меч што се одигра во Гостивар и тоа со два гола во првото полувреме. Закариќ го отвори резултатот, а македонскиот репрезентативец Николов зголеми на 2-0 пред да се замине на пауза. Сега Вардар има шест бода повеќе од второпласираната Шкендија.…
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на уште еден Грен слем турнир оваа сезона. Тетовчанката ќе игра во квалификациите на Ролан Гарос каде ќе се обиде да избори пласман во главниот турнир на престижниот настан на земјена подлога. Се очекува ждрепката за првото квалификациско коло, по што ќе биде познато и името на нејзината противничка.
Ѕведата на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека е опуштен во врска со својата одлука да замине од клубот на крајот од сезоната. Египетскиот репрезентативец ќе го заврши својот деветгодишен престој на „Енфилд“ ова лето, откако постигна договор со клубот за раскинување на двегодишниот договор што го потпиша пред 12 месеци. „Сметам дека е исправно да си заминам по завршувањето на сезоната и сум задоволен од тоа“, рече тој во интервју со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, за „ТНТ Спортс“. „Сезоната беше тешка за сите нас… Не сакам да кажувам премногу. Среќен сум поради тоа, сè што се случува оваа…
