Реал Мадрид на својата официјална веб-страница објави дека 34-годишниот дефанзивец и капитен на тимот, Даниел Карвахал, повторно е повреден. „По тестовите спроведени од медицинскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот играч Даниел Карвахал му е дијагностицирана фрактура на петтиот прст на десната нога. Чекаме понатамошен развој на настаните“, се вели во соопштението. Од крајот на октомври до јануари, Карвахал пропушти 12 натпревари поради повреда на коленото. Оваа сезона, Карвахал настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, без да постигне гол.
Author: saso
Бразилски Атлетико Минеиро го објави заминувањето на капитенот и легендарен бразилски напаѓач Хулк. Договорот со 39-годишниот Бразилец беше раскинат со заедничка согласност на страните. „Носам со себе многу повеќе од титули. Носам со себе врска што ми го промени животот. Навивачите на Атлетико Минеиро ме натераа да се чувствувам како дома уште од првиот ден и засекогаш ќе му бидам благодарен на овој клуб што го засакав. Се надевам дека ќе ве видам сите на стадионот за да можеме да се збогуваме: со емоции, благодарност и голема забава“, рече Хулк. Претходно имаше информации дека Хулк би можел да ја продолжи…
Португалскиот офанзивен играч од средниот ред, Бернардо Силва, претходно оваа сезона објави дека ќе си замине од англискиот клуб Манчестер Сити на крајот од сезоната. Меѓу опциите за нова средина на 31-годишниот фудбалер е турски Галатасарај, кој, пред сè, се надева дека ќе го привлече фудбалерот со солидни услови за соработка. Галата подготвува тригодишен договор за Силва, според кој Бернардо ќе добие 50 милиони евра. Сепак, желбите на самиот Португалец се поврзани само со еден клуб – каталонската Барселона. Агентите моментално работат на евентуален трансфер на играчот во гигантот од Ла Лига.
По кадетките и машката кадетска репрезентација на Македонија ќе игра во финалето на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски се пласираа во финалето, откако славеа со 30-19 против селекцијата на Србија. За противник во битката за првото место кадетите ќе го имаат подобриот од Израел и Хрватска, меч кој се игра во 14:30 часот. Клучната разлика нашите ракометари ја направија по само пет минути игра во второто полувреме, кога поведоа со 19-10.
Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во Скопје, откако во полуфиналето ја совлада Турција со 30:22. Нашите кадетки одиграа уште еден неизвесен натпревар, особено што во првиот дел постојано се обидувавме да осттанеме во егал против расположените противнички. На одмор заминавме со 12-12, но во вториот дел дојде до израз нашата одлична подготвеност. Македонија поведе, па полека ја надополнуваше предноста. Откако веќе дојдовме до голема предност од седум гола ( 28-21), победата беше извесна. Ивана Трифуноска заврши како најефикасна во нашата репрезентација со 9 погодоци, а одлично издание имаше и Марија Димоска…
РК Вардар денеска и официјално го потврди ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во кариерата настапувал и за Кретеј и Саран. Во актуелната сезона Фадуил е дел од Трембле, каде продолжи да се наметнува со своите настапи во…
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, се смета за кандидат да ја преземе функцијата менаџер на Барнли по испаѓањето на клубот од Премиер лигата, објави „Барнли Експрес“. 45-годишниот менаџер е нетрпелив да се врати на работа по паузата од јануари 2025 година, кога го напушти Ал-Итифак. Џерард наводно е подготвен да ја прифати понудата да го води тимот. Барнли сè уште не ги коментираше гласините и продолжува да дискутира за иднината на сегашниот менаџер Скот Паркер по разочарувачката сезона во првата лига. Клубот претрпе рано испаѓање во Чемпионшип лигата минатата недела.
Директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан, објави дека крилниот напаѓач Мохамед Салах ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда . „Тој има скината тетива и ќе му требаат четири недели за да се опорави“, рече Хасан. Според него, Салах повеќе нема да игра за Ливерпул , кој ќе го напушти на лето, но треба да се опорави на време за Светското првенство во 2026 година .
И покрај повредата на зглобот од ногата, македонската натпреварувачка во џиу-џица Катерина Ацевска се избори за бронзениот медал на Гран При турнирот во Париз. Во првото коло Катерина беше слободна како носител на листа, во второто коло изгуби од Германката Сандер Лоте со 11-3, во третото коло ја победи Австриката Ема Шванзерберт со 19-7 и во борбата за трето место ја победи Лаура Хермантсен од Данска со 21-10. Уште еден историски резултат за нашата најдобра натпреварувачка во овој спорт.
Македонската машка кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет, откако на последниот натпревар од групната фаза ја победија Саудиска Арабија со 23:11.Нашите момци уште на стартот го наметнаа своето темпо, цврстата одбрана и одличниот напад на одморот им донесоа позитива од 10:6. Доминацијата ја завршивме победнички во вториот дел. Нашите кадети до сега имаат максимален скор, четири победи во исто толку одиграни натпревари. Полуфиналето со Србија се игра утре во салата “Македонско Сонце”.
