Author: saso

Дарио Ивановски минатиот викенд со второ најдобро лично време се избори за извонредно второ место на маратонот во Белград, но една недела подоцна, се прикажа во брилијантно светло и во Хрватска. Дарио денеска беше на стартот на полумаратонската трка во Дубровник, а делницата од 21 километар ја заврши најбрзо од сите. Ивановски ја истрча полумаратонската делница за 1 час, 6 минити 30 секунди, време кое беше убедливо најдобро и недостижно за конкуренцијата.

Read More

Женската кадетска репрезентација на Македонија ја продолжи победничката серија на Светското училишно првенство во ракомет. Денеска во четвртфиналето против селекцијата на Бразил, нашите млади ракометарки славеа со 19:18 и успеаја да се пласираат во полуфиналето на првенството. Нашите надежи имаа предност од еден гол (11:10) и на крајот на првото полувреме, а неизвесната битка во вториот дел на крајот заврши среќно за нас. Избраничките на селекторката Вељановска-Новеска успеаја да ја остварат целта и да се пласират во борба за медалите. Ања Лашкоска постигна 5 гола и беше најефикасна во нашата репрезентација. Ивана Трифуновска постигна 4, додека Рона Мифтари заврши со…

Read More

Машката и женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја продолжија победничката серија на Светското училишно првенство во Скопје. Утрово во натпреварите од 3. Коло по групи, нашата машка ракометна репрезентација одигра цврст и неизвесен натпревар со своите врсници од Република Српска и на крајот славеше со 27:25. Нашите момци имаа одлично прво полувреме, но во вториот дел имавме пад во играта, кој противникот го искористи за да дојде во драматична завршница. Сепак, момците на Горан Кузмановски на крајот успеаја да го приведат мечот до нов триумф. Кадетките во последниот меч од групата славеа и третпат со убедлив резултат. Денеска бевме…

Read More

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, со одлука на Основниот кривичен суд доби 30-дневен притвор. Ова е на барање на Јавното обвинителство кое поведе истрага против Сејдини откако вчера беше уапсен поради сомневање на финансиска проневера од околу 660.000 евра. Мерката притвор е одредена поради сомневање дека лицето сторило Кривично дело Проневера во службата.

Read More

По освоениот трофеј во Купот на Македонија, од РК Вардар денеска ги поканија сите свои навивачи на прослава на 65. клупски роденден, која ќе се одржи во четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плеј-оф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид. По тој повод, ракометарите на Вардар ќе настапат во ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар. „Подготвуваме и уште многу изненадувања со кои ќе го прославиме овој важен јубилеј на нашиот Вардар! Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16,30 часот) на платото пред…

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 го освоија осумнаесеттиот трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето беа подобри од Охрид со 23-24. По натпреварот анализа на одиграното направи најдобриот ракометар на турнирот, Јака Малус. „Финале како финале, секогаш е многу тешко. Има тактика, има се, ама на крај одлучува срцето. Имаме уште месец и половина до крајот на сезоната, уште две цели да ги исполниме. Најважната цел е трофејот да се врати во Скопје, а втората е фајнал-фор на Лигата на Европа. Ќе продолжиме во ист стил до крајот на сезоната, а и во иднина“, изјави Малус.

Read More

Реал Мадрид му понудил на Антонио Ридигер нов едногодишен договор, објави „Ас“. Тековниот договор на 33-годишниот дефанзивец истекува ова лето. Самиот Германец би сакал да потпише договор за две сезони, но клубот е уверен дека тој ќе се согласи со нивната понуда.

Read More

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Витиња беше заменет рано за време на првенствениот натпревар овој викенд против Олимпик Лион. Во 39-тата минута, Луис Енрике го замени повредениот Витиња со Ворен Заир-Емери. Витиња незгодно слета на десната нога по еден воздушен напад и веднаш даде знак дека не може да продолжи. 26-годишникот првично исчезна по тунелот, а потоа повторно се појави куцајќи кон клупата без копачка, неспособен да ја оптовари ногата. Целосниот степен на повредата останува нејасен. Како резултат на тоа, останува неизвесно дали играчот од средниот ред ќе биде достапен за полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.…

Read More

По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен терен во 33-то коло од Премиер лигата, па сега „граѓаните“ заостануваат само три бода зад водечките „топчии“, со натпревар помалку. За првпат оваа сезона, Сити е главен фаворит за освојување на титулата, со коефициент од 1,68. По 31-то коло, нивниот коефициент беше 6,00, а по 32-то коло, тој беше 2,25. Квотата за Арсенал сега е 2,20, додека обложувалниците нудеа коефициент од 1,10 по 31-то коло. Пред сезоната, Манчестер Сити се сметаше за…

Read More

Уште еден извонреден настап и блескав резултат на македонскиот маратонец Дарио Ивановски на денешниот Белградски маратон. Нашиот олимпиец покажа дека е во неверојатна форма освојувајќи го второто место со резултат 2:09:35 часа во конкуренција на 20-тина африкански маратонци. Дарио на крајот беше во битка и за врвот, но првото место му припадна на Етиопиецот Гада Гемсиса Гудета со време од 2:09:10. Зад Дарио останаа 15-тина останати маратонци од Кенија, Етиопија и уште неколку африкански земји. Овој резултат на Ивановски ја потврдува неговата класа, а Македонија е сигурна дека во него ќе има голем адут на следните најсилни светски атлетски натпреварувања.

Read More