Author: saso

Силвио Балдини ќе ја преземе одговорноста за италијанската репрезентација за претстојните тестови во јуни, официјално објави локалната федерација. Актуелниот селектор до 21 година ќе ја преземе одговорноста за натпреварите против Луксембург и Грција. Одлуката на ФИГЦ доаѓа во време на сериозни турбуленции во италијанскиот фудбал. По болното елиминирање во плејофот на Светското првенство, и тренерот Џенаро Гатузо и претседателот Габриеле Гравина поднесоа оставки. Со оглед на тоа што изборите за нов претседател на федерацијата се закажани за 22 јуни, назначувањето на постојан тренер е одложено до по гласањето. Распоредот на Италијанците вклучува патување во Луксембург на 3 јуни, а четири…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше падот на Килијан Мбапе во шеснаесетникот на крајот од натпреварот меѓу Реал и Џирона (1:1) во Ла Лига. Главниот судија Хавиер Алберола Рохас не досуди пенал во корист на Мадрид. „За мене тоа е пенал, и тука и на Месечината. Само уште еден пример. Уште една ваква недела. Таква е ситуацијата, нема што да се направи. Ниту јас ниту другите не разбираме кога треба да интервенира ВАР системот. Тој интервенира кога му одговара, а кога не му одговара, не интервенира. Го знаете моето мислење, а фактите го потврдуваат тоа“, рече Арбелоа. „Ова…

Read More

По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3:0. Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили. Во деветтата минута Тони Киревски зголеми на 2:0, а во 12-тата, Бурак Угурлу ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 3:0. Во 18. минута Умур Агир намали на 3:1, а само две минути подоцна Марио Благоевски се запиша…

Read More

Скопје за првпат ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во период од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. На ова престижно натпреварување ќе учествуваат 23 машки и 16 женски екипи, се очекува да настапат околу 700 ракометарки и ракометари на возраст до 18 години од целиот свет, што пак претставува еден од најголемите училишни спортски настани организирани во Македонија. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска нагласува дека добивањето на организација на еден ваков настан е голема чест,…

Read More

Косуке Јасухира доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот од Охрид. Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек и има 25 години. „Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, откако ја обезбеди својата прва победа како менаџер на „Камп Ноу“ синоќа над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, истакна дека е првенствено задоволен од играта на својот тим. На прашањето како би го коментирал тоа што Атлетико имаше само три шутеви кон голот против Барса во текот на натпреварот и два постигнати гола, тој одговори: „Можам да ви раскажам илјадници приказни за натпревари во кои имавме 30 шутеви и не постигнавме гол, фудбалот е прекрасен затоа што завршницата е клучна“. На прашањето дали резултатот го прави задоволен…

Read More

Очајот на Ливерпул и натаму се продлабочува со секој нов настап. Синоќа тимот загуби на гостински терен од ПСЖ со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, што беше всушност четврти по ред на гостински терен за тимот на тренерот Арне Слот. Претходно, „црвените“ загубија од Галатасарај (0:1), Брајтон (1:2) и Манчестер Сити (0:4). Ливерпул загуби четири гостувања по ред за првпат од април 2012 година, што е уште еден показател во каква состојба се наоѓа составот на Арне Слот.

Read More

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс именуваше осум играчи од актуелниот состав на Манчестер Јунајтед кои би ги продал веднаш. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед за подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“ изјави дека Џошуа Циркзи и уште седум други актуелни играчи на Манчестер Јунајтед треба да го напуштат клубот. Меѓу оние кои според Сколс треба да бидат продадени се Лени Јоро, Мазрауи, Лук Шо, Доргу, Мегваер, Маунт и Угарте. „Мислам дека Јоро имаше тежок период. Ако требаше да бирам сега, веројатно би го продал. Мазрауи не знам како ќе се вклопи во тимот, Лук Шо кога играше…

Read More

Во крајно драматичен натпревар, ракометарите на ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер на гости во Битола со 27:26 и му направија голема услуга на лидерот Вардар во трката за шампионската титула. Охриѓани ја потврдија одличната форма од ЕХФ Европскиот куп каде се пласираа во полуфиналето и успеаја да нанижат голема победа и во Суперлигата. За битолчани денешниот пораз практично ги остава скоро без шанси за одбрана на титулата. Стрмљан со 5 гола од исто толку обиди го предводеше Охрид до победата, додека со шест гола кај Е. Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков.

Read More

Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје денеска ги доделија наградите за најдобрите спортисти за изминатата 2025 година. Во сениорска конкуренција беа врачени награди за 10 најдобри спортисти во Скопје, избор во кој се најдоа: Стефан Михајловски – Кик Бокс, Вероника Костовска – Карате, Катерина Ацевска – Џиу Џитца, Ангела Мојсовска – Карате, Христијан Бузалковски – Мотоспорт, Тони Лазов – Шах, Дарио Ивановски – Атлетика, Викторија Јовановска – Карате, Андреас Трајковски – Атлетика и Марија Спирковска – Борење. Градот Скопје додели награди и за 10 најдобри во младинска конкуренција, за Кире Лазаров како најдобар тренер за 2025 година, за…

Read More