Женската тениска репрезентација на Македонија отпатува за Бања Лука каде од 6 до 11 април ќе настапува во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Оваа година во оваа зона се десет репрезентации, но системот на натпреварување е променет. „Годинашново издание е со десет репрезентации (7 од Европа, 3 од Африка). Ние ќе настапиме со подмладен состав. Ќе настапиме со: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска. Мечевите треба да се играат на отворено и на земјена подлога. Имавме добри подготовки, а девојките добро тренираа и пред сè имаме добра атмосфера. Ние сме најмлада репрезентации…
Author: saso
Поранешниот капитен на ракометниот состав Вардар и воедно екс-репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов, утре треба да биде промовиран на кормилото на Бутел. Тој доаѓа на местото на Горан Кузмановски кој ќе оди во меѓународните води. Стоилов кој е дел од стручниот штаб на селекторот, Кире Лазаров, сега ќе работи како главен тренер во македонскиот суперлигаш. Прославениот пикер по завршувањето на кариерата беше дел од тренерскиот погон на „црвено-црните“ а го водеше тимот и на два дерби меча со Еурофарм Пелистер.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер денеска го објави новиот договор со кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27. „Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина“, велат од битолските „зелено-бели“. Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, репрезентативниот пивотмен настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.
Доминик Мате е второто засилување на ГРК Охрид за наредната сезона. Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. Доминик игра на позицијата десен бек и ќе го носи дресот со бр. 23 следната сезона. Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за големите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон. Има одлични настапи и еден од носителите на унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства. „Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот…
Манчестер Јунајтед ќе биде отворен да го откаже трансферот на Маркус Рашфорд во Барселона доколку каталонскиот клуб одбие да ја плати неговата цена од 26 милиони фунти. Како што стојат работите, нема гаранција дека позајмениот напаѓач ќе игра за Барселона следната сезона. Јунајтед ги постави своите финансиски барања уште во јули кога преговараше за неговиот договор на целата сезона, додавајќи ја клаузулата за откуп во условите на Рашфорд за да се овозможи понепречена трансакција ова лето. Тоа е опција наместо обврска, што значи дека „Блауграна“ не е под притисок да го реализира договорот, иако извештаите сугерираат дека Ханси Флик е…
Бразилскиот напаѓач Габриел Жезус наводно е отворен за трансфер во друг тим од Премиер лигата. Напаѓачот на Арсенал пристигна на стадионот „Емирати“ од друг англиски ривал од првата лига, Манчестер Сити, во 2022 година, па по завршувањето на соработката со Арсенал би можел да побара и трет клуб во Англија. 28-годишниот голгетер успеа да остави впечаток со 31 гол на 117 настапи, но многумина очекуваа тој да игра посериозна улога во текот на изминатите четири години. Главниот фактор што го спречува поранешниот бразилски репрезентативец да се врати во игра е повредата; тој одигра само 28 натпревари во Премиер лигата во…
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, побара од селекторот Џенаро Гатузо да остане на својата позиција и покрај неуспехот во квалификациите за Светското првенство. Зборувајќи за сопствената иднина, Гатузо рече дека одлуката за неговата оставка ќе ја донесе Федералниот совет, а успесите на Италија во другите спортови ги припиша на фактот дека ова се аматерски дисциплини, за разлика од професионалниот фудбал. На прес-конференцијата во Зеница, претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина, седеше до селекторот Гатузо, изгледајќи тажно. „Го замолив да остане, тој е одличен тренер. Не сте виделе ниту еден момент на голема човечност во соблекувалната меѓу него и…
Селекторот на македонскит национален фудбалски тим, Гоце Седлоски по натпреварот кој Македонија го одигра против Република Ирска даде свој коментар за се она што се случуваше на натпреварот во Даблин. На средбата со новинарите по дуелот, селекторот рече: „По тешкиот натпревар во Данска, денешниот дуел беше тврд. Исклучок е притисокот на Ирска на крајот од првиот дел и последната шанса која ја одбрани Столе. Им дадов шанси на сите фудбалери, мислам дека дуелот не понуди многу шанси. Знаеме како игра Ирска, Данците се сосема поинаква репрезентација, но да не заборавиме дека оваа селекција водеше со 0-2 по првиот дел во Прага. Задоволен…
По болните елиминации кои ги доживеаја во полуфиналните баражи за пласман на Светско првенство, фудбалерите на Македонија и Ирска немаа доволно свежина и мотив да презентираат некој поатрактивен фудбал, па во средба во која повеќе се мислеше на својот гол, актерите не постигнаа ниту еден гол. Реално гледано, Ирска беше поблиску да ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, па иако двапати тоа му успеа на Парот, неговите погодоци беа поништени поради офсајд ситуации. По 11-те примени гола на двата последни натпревари, токму Димитриевски побара од своите соиграчи повеќе да внимаваат на позиционирањето и да се фокусираат на играта во одбрана,…
Кошаркарите на ТФТ ја добија четвртфиналната „мајсторка“ со екипат ана Златибор Чајетина со 80:90 и обезбедија историски пласман во полуфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата. Вечерва на гостински терен, момците од Тафталиџе покажаа дека се во одлична форма и успеаја да го победат Златибор по вторпат во тримечот и да се пласираат во полуфинален плеј-оф против екипата на Сутјеска. Ова е уште еден голем успех за македонскиот тим, кој испиша нова страница во својата клупска историја. Говенс со 23 поени и 8 скока беше прв стрелец, зад него беше Зафиров со 14 поени, Ташовски и Стојанов имаа по 13…
