По големото разочарување во Копенхаген, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Ирска во Даблин, а денеска селекторот на македонската репрезентација го одржа официјалниот прес во пресрет на пресметката. Гоце Седлоски имаше непријатно деби како селектор на националниот тим и сигурно уште некое време ќе извлекува заклучоци за поразот од 4:0, но во меѓувреме мора да го мотивира својот тим за она што следи, односно дуелот со Ирците. Седлоски најави промени во тимот кој утре ќе истрча на теренот, но за во иднина најави дека костурот на македонскиот тим повторно ќе биде составен со голем дел од актуелните фудбалери. – Утре…
Author: saso
Младинците на Еурофарм Пелистер до 18 години забележаа победа над дански Алборг од 24:23 на турнирот во Пореч и ќе играат финале за место на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите во Келн. Во полуфиналниот дуел младите ракометари на битолчани одиграа борбен натпревар и до самиот крај водеа вистинска битка со скандинавската школа за триумфот. Најдобар стрелец кај „пелистерци“ беше Андреј Георгиев со 12 гола, пред Јован Симоновски со шест гола. Во второто полуфинале од 14:00 часот ќе играат Загреб и Фуксе Берлин, а победниците утре ќе се борат за пласман на завршниот турнир.
Голманот на ГРК Охирд, Кристијан Пилиповиќ беше фантастичен на вчерашната средба во Атина и големата победа над Олимпијакос во првото четвртфинале од Европскиот куп. Охриѓани со победата од пет голови разлика сериозно зачекорија кон полуфиналето, но голманот на „гладијаторите“ вели дека се уште ништо не е готово. „Прво сакам да им честитам на моите момци, во овој меч влеговме ненормално машки. Не покажавме респект на нивните навивачи и на нивниот терен. Тоа е многу важно кога играте европски натпревар на гостински терен. Многу сум задоволен како го одигравме натпреварот и навистина можеме да бидеме горди. Но ништо не е готово.…
Ѕвездата на Барселона, Бразилецот Рафиња, ќе го пропушти четвртфиналето од Лигата на шампионите и барем еден натпревар од полуфиналето поради нова повреда, објавија шпанските весници. Барселона потврди дека Рафиња има повреда на десниот тетивен мускул и се очекува да остане надвор од терените во период од околу пет недели. Венсикот „Спорт“ известува дека Барселона е „бесна“ поради повредата, здобиена за време на меѓународниот пријателски натпревар меѓу Бразил и Франција минатата недела. Играчот веќе чувствувал непријатност пред натпреварот, кој се одржа од другата страна на Атлантикот во Соединетите Американски Држави. Петнеделно отсуство би значело дека Рафиња ќе ги пропушти двата четвртфинални…
Единаесет играчи на Арсенал се наведени како повредени по паузата за репрезентативни натпревари. Според информациите, играчот од средниот ред на Шпанија, Мартин Зубименди се здобил со повреда додека настапувал за националниот тим. Букајо Сака, Деклан Рајс и Нони Мадуеке, исто така, се вратија во клубот откако се здобија со повреди. Вилијам Салиба, Габриел, Леандро Тросард, Еберечи Езе, Мартин Одегард, Јуриен Тимбер и Пјер Инкапи исто така имаат здравствени проблеми.
Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби се смета за водечки кандидат за испразнетото место на менаџер на Тотенхем. Според извори од Англија, Тотенхем е во активни преговори со 46-годишниот менаџер и инсистира тој да го преземе тимот што е можно поскоро. Клубот наводно е подготвен да му понуди на Де Зерби долгорочен договор. Претходно Тотенхем го објави заминувањето на Игор Тудор од функцијата главен тренер. Хрватот и неговите помошници, Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи, го напуштија клубот со меѓусебна согласност. Тудор беше на чело на тимот од средината на февруари. Де Зерби го напушти Марсеј во февруари, раскинувајќи го договорот по…
Македонските пинг-понгари Матеја Смолиќ и Филип Цековски денес го започнуваат учеството на меѓународен тренинг камп во Луксембург под водство на Жанг Јининг, која својата кариера ја заврши во 2009-та година по 6 години непрекинат „престој“ на првото место на светската ранг листа. Младите пинг-понгари ќе ги води селекторот Сашо Богатинов, а кампот трае до 6 април. Учеството на кампот е дел од соработката меѓу Пингпонгарската федерација на Македонија со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, а во рамки на China Table Tennis College. Овој настан означува продлабочување на соработката со Амбасадата на НР Кина и отворање на повеќе можности…
„Херојот од Палермо“, каков што засекогаш ќе го паметиме во дресот на нашата фудбалска репрезентација, денеска и официјално потврди дека заминува во репрезентативна пензија. По 98 одиграни натпревари во националниот дрес, нашиот голгетер Алекс Трајковски го потврди репрезентативно повлекување. „Денес стојам пред вас со срце полно емоции… Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше…
Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Копенхаген подготвувајќи се за утрешниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство ова лето. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, фудбалерите ќе се обидат да направат изненадување, рамно на она од Пелермо по победата над Италија и да дојдат до уште едно големо бараж-финале. Со оглед на тоа што овој меч ќе биде прв за новиот селектор Седлоски на клупата на националниот тим останува непознаница со каква стратегија тој ќе влезе во мечот. Со оглед на неговото тренеско портфолио, би можеле да очекуваме формациски старт во 4-3-3 или 3-5-2, но изборот на…
Фудбалскиот состав на Еуромилк Горно Лисиче го именуваше за нов тренер, Јован Трајков, кој има работено во Локомотива и Маџари а сега е дел од младинската школа на Вардар. Лидерот во третата лига- Север, објави, дека спогодбено ја прекинал соработката со досегашниот стратег, Зоран Божиновски и дека во продолжението на шампионатот ќе има нов предводник од клупата. Скопскиот состав до крајот на сезоната ќе биде главен кандидат да обезбеди место во баражот за пополнување на второлигашката конкуренција.
