Author: saso

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 30:30 против селекцијата на Австрија на денешниот контролен натпревар во Брегенц. И во двете полувремиња гледавме неизвесна битка со повремени менувања во водство на двете селекции. На полувремето резултатот беше исто така нерешен, 15:15, но во вториот дел може да жалиме што не успеавме да ја зачуваме високата предност од 4 гола која ја имавме во средината на второто полувреме (20:24). Австрија со упорност и на наши грешки во нападот успеа да дојде во егал, па дури и да поведе во последниот напад со 30:29. Во последните 30 секунди Мартин Велковски изнуди седмерец, кој…

Read More

Реал Мадрид го пречекува Атлетико во големо градско дерби на „Сантијаго Бернабеу“ во недела, во натпревар кој би можел да има големо влијание врз трката за титулата со Барселона. Кралскиот клуб е втор на табелата со 66 бода, четири помалку од лидерите од Каталонија. Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, изјави дека очекува спектакл и одлична енергија на стадионот. „Ова е еден од најдобрите натпревари што некој може да ги доживее како играч или навивач, а сигурен сум и како тренер. Очекувам полн Бернабеу и голема страст. Доаѓаме полни со желба, играме против одличен тим и имаме големи очекувања“, рече Арбелоа.

Read More

Доминик Париз стигна до својата прва победа сезонава на последниот спуст од Светскиот куп, кој се возеше во Лилехамер во саботата. Искусниот Италијанец (36) беше побрз од олимпискиот шампион Франц фон Алмен за 0,19 секунди, додека третото место го зазеде Австриецот Винсент Крихмајр. Париз на тој начин избегна само втората сезона без триумф во Светското првенство од 2012 година и стигна до 25-та победа во кариерата. Тој постигна успех благодарение на исклучително возење на патеката во Норвешка, каде што славеше пред една година. Швајцарецот Марко Одермат заврши само седми, но веќе ја имаше обезбедено својата петта последователна титула во генералниот…

Read More

Денеска се одржа редовното годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија на кое беа едногласно усвоени сите 22 точки од дневниот ред. Меѓу главните одлуки беа изгласувањето на новиот изменет и дополнет Статут на федерација, како и потврдата на одлуките за суспензии на општинските фудбалски сојузи од Охрид и Кичево на две години поради неправлности во работењето. Во своето обраќање претседателот на Федерацијата, Масар Омерагиќ, во прецизен и аргументиран говор и им се обрати на присутните и го образложи своето едногодишно работење. „Во периодот пред да пристигнам како претседател на Федерацијата, во само еден месец од сметката на Федерацијата се…

Read More

Репрезентацијата на Србија со убедлива игра ја совлада Литванија во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2027, потврдувајќи ја фаворитската улога пред домашната публика во Ниш. Покрај случувањата на теренот, натпреварот донесе и посебна приказна надвор од него, во која свое место имаше и екипата на Спортското радио од Скопје. Нашата екипа беше примена пред натпреварот во базата на српската репрезентација – хотелот во Ниш каде што беа сместени ракометарите. Во пријателска и опуштена атмосфера следуваа средби и разговори со дел од репрезентативците. Посебно време за дружење одвоија Мијајло Марсениќ, Драган Ѓукиќ, Воркапиќ, Милосављев, Чупара и Борзаш. Средба со…

Read More

Македонската репрезентативна во џиу-џица, Катерина Ацевска, се враќа од Европското првенство на Крит со нов бронзен медал. Таа како носител на групата во првото коло беше слободна, а веќе во второто коло се сретна со една силна противничка од Германија, по што беше поразена. Во третото коло обезбеди победи со 9:2 над ривалка од Италија, а имаше триумф и над противничката од Хрватска во следната рунда со 14:4. „Задоволен сум од настапот на Катерина, успеавме во конкуренција од 10 борци да дојдеме до третото место. Сепак морам да нагласам дека ждрепката не ни беше наколнета, затоа што Русинката што стана…

Read More

Челзи синоќа испиша уште еден клупски анти-рекорд. Имено, „сините“ примија осум гола во двомечот со ПСЖ што е првпат во нивната историја . Тимот предводен од Лиам Розениор загуби од ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 2:8 (2:5, 0:3). Челзи никогаш претходно не примил осум гола во двомеч, вклучувајќи ги домашните и европските натпреварувања.

Read More
NBA

Актуелните шампиони на НБА, Оклахома Сити Тандер, станаа првиот тим во НБА лигата што обезбеди место во годинешниот плеј-оф. Нивната победа од 113-108 над Орландо Меџик се покажа како одлучувачка. Оклахома Сити е на првото место во Западната конференција и има најдобар резултат во лигата со 54 победи и 15 порази. Инаку, ова е трета сезона по ред што Тандерси ќе играат во плеј-офот. Тие последен пат не успеаја да обезбедат место во разигрувањето во сезоната 2022/23. Од тогаш, трета сезона по ред се во трка за титулата.

Read More

На 11 април, поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури ќе го има своето долгоочекувано враќање на боксерскиот ринг во борба со Арсланбек Махмудов на стадионот на Тотенхем во Лондон. Доколку Фјури го победи руски противник, тоа ќе отвори врата за неколку тешки борби, вклучувајќи ја и многу бараната битка на Британија со Ентони Џошуа. Извештаите што сугерираа дека оваа борба е договорена, но легендарниот боксерски промотор Еди Хирн, кој го претставува Џошуа, одговори на гласините, тврдејќи дека тие се целосно лажни. Хирн призна дека имало разговори за борбата меѓу британскиот пар за подоцна оваа година, но тие се одложени…

Read More

Јувентус е подготвен да го отвори прашањето за заминувањето на Џонатан Дејавид ова лето, бидејќи неговиот престој во Торино е крајно разочарувачки. Според „Газета дело Спорт“, канадскиот репрезентативец се мачи да остави впечаток откако пристигна како слободен играч, што го натера клубот да размисли за негова продажба за сума од околу 30 милиони евра. Проценката одразува значителен пад на неговата пазарна цена, што во голема мера се должи на неговата намалена улога во тимот. Под водство на Лучано Спалети, Дејвид е зад Џереми Бога. Со оглед на тоа што менаџерот фаворизира други профили на играчи за напаѓачката линијата, недостатокот на…

Read More